20.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридДоделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2022 година“.

Доделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2022 година“.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На свечена церемонија денес ги доделивме наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2022 година“.
Како долгогодишен спортист многу ми е добро познато чувството на радост по добиен натпревар или победнички резултат. Тоа е чувство што влева надеж, дава сила и нова желба за уште повисоки цели, за уште поголеми триумфи.
Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост и на верната публика и се разбира на сите нас. Со тоа што ги вреднуваме вашите успеси, ние како Локална самоуправа сакаме да ја потврдиме нашата цврста определба во создавањето на уште подобри услови за развој на сите спортски дисциплини во иднина.
За тековната 2023 година во општинскиот буџет се обезбедени 35.940.000,00 денари, за поддршка на спортистите, спортските клубови и спортските манифестации.
За охридска спортска надеж (мажи) е прогласен Давид Крстески, а во женска категорија Христијана Парулеска, охридска спортска надеж (жени) и двајцата од Таеквон-до Клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид.
За спортист/ка странец кој настапува во екипа од Охрид беше прогласен Владимир Бојаниќ од Градски Ракометен Клуб „Охрид“ – Охрид. Спортист/ка од Охрид која настапува надвор од територијата на Охрид избран е Михаил Иваноски од Ракометен Клуб „Алкалоид“ – Скопје.
За тренер на годината беше прогласен Марјанчо Лазаревски од Таеквон-до Клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид.
Спортска екипа на годината е Таеквон-до Клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид.
Спортска приказна на годината е Градски Кошаркарски Клуб „Охрид“ – Охрид.
За Охридска спортска легенда – за посебни заслуги во спортот беше прогласена Јулијана Николиќ (веслање) наградата ѝ се додели постхумно.
За Спортист на година за 2022 година е прогласен Наум Јаковлев од Карате клуб „Фудошин“ – Охрид.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонскиот дизајнер Филип Арсовски му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

Светски познатиот пејач Џејсон Деруло, по повод својот прв концерт во Македонија, доби ексклузивен и персонализиран подарок – рачно изработени Nike Air Force 1...

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...

Поради енормна бучава, полицијата во Струга заплени „ламборџини“, БМВ и „ауди“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска...

„Секогаш ќе те сакам“: Ева Заева се прости од Душко Чифлиганец

Поранешната девојка на младиот бизнисмен Душко Чифлиганец, Ева Заева сподели емотивна објава на Инстаграм откако тој подлегна на повредите по мото трката во Чешка....