4.9 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Можевме да го спасиме Благојче- Сали нека размисли дали може да...

Ковачевски: Можевме да го спасиме Благојче- Сали нека размисли дали може да го продолжи мандатот

Немам намера да чекам низ бирократските лавиринти за да се преземе нешто, туку уште утрово се преземени конкретни чекори и решив веднаш да се одвојат финансиски средства од Фондот за здравствено осигурување за најкритичните болни од цистична фиброза, информира премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашање по посетата на компанијата „Варус Бионика Фармацеутикалс“

Запрашан „кога очекува оставка од министерот за здравство Беким Сали“, Ковачевски побара„да не му се ставаат збори во уста“, додавајќи дека за кадровски прашање ќе се одлучува наредните денови.

„Јас сум станат денес веројатно најрано откако сум вработен, скоро 23 години. За мене навистина е тажен ден. Не само за семејството на Благојче кое не го знам, туку и за целата земја. Благојче се бореше до последниот ден со оваа ужасна болест. Тоа е херојска борба. Но за жал на самиот крај, неговото тело не издржа. Најтажно од се е што најверојатно неговата смрт е прерана и можевме да направиме повеќе за да му го продолжиме животот. И можевме уште малку да ја одложиме агонијата на неговото заминување“, кажа Ковачевски.

Ковачевски очекува лекот да биде достапен исклучително брзо бидејќи и Агенцијата за лекови и МАЛМЕД имаат задача веднаш да го регистрираат. Бирото за јавни набавки има задача да ги обезбеди сите потребни документи за интервентен увоз на овој лек, бидејќи го произведува еден производител.

Не може да чекаат на бесконечни тендери кога се работи за лек кој го произведува еден производител. Јас лично ќе се заложам ова да се спроведе, бидејќи нема време за чекање, нагласи Ковачевски.

Премиерот, како што информира, утрово разговарал и со министерот за здравство Беким Сали и му пренел дека за него ваквата ситуација со лекот за цистична фиброза е апсолутно неприфатлива.

Разговарав и со директорот на Фондот за здравство и со министерот за финансии, тоа беа нивните први денешни разговори кои ги имаа. Ќе ги замолам, посебно министерот за здравство, да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат. Јас мојата одлука за кадровските прашања ќе ја донесам после тоа, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека по прес-конференцијата ќе има состанок со претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза на која ќе ги образложи точните мерки што ќе се преземат на негово лично инсистирање со што најкритичните пациенти ќе бидат веднаш згрижени, а за сите останати во најбрз можен рок ќе следи системско решение со цел веќе да не мора да се грижат дали лекот ќе го има во клиниките каде се лекуваат.

Извор Инфомакс

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми- Го фатиле како краде дрва !!

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности...

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра.

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра. Станува збор за „дело“ на италијанскиот уметник Салваторе Гарау наречено „Јас сум“, што...

Бананата залепена за ѕид со леплива лента продадена за 6,2 милиони долари

Банана залепена со леплива лента за ѕид, провокативно уметничко дело на Маурицио Кателан, достигна цена од 6,2 милиони долари на аукција на „Сотби“ во...

Семејството моли за помош: Веќе петти ден го нема младиот Виктор.

На 19.11.2024 од својот дом се одалечува Виктор Николиќ. Од тогаш му се губи секоја трага,се замолуваат сите ако го имаат видено или ако имаат...