7.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаАна Стојановска: Првпат снимив еротска сцена пред 15 години, се секирав дали...

Ана Стојановска: Првпат снимив еротска сцена пред 15 години, се секирав дали изгледам добро, не што ќе кажат луѓето

Ана Стојановска е истакната актерка од помладата генерација. Препознатлива по филмовите на Милчо Манчевски и сè уште актуелна по последниот, „Кајмак“, таа е една од оние глумици што го привлекуваат вниманието. Како ќерка на Силвија и Ненад Стојановски, природно било да се запише на ФДУ. Денес, таа е вработена во МНТ, каде што зад себе има многу улоги и е дел од театарската сцена.
Сè уште со скорешни сеќавања од светската премиера во Токио за последниот филм, таа вели: „Таму беше многу возбудливо. Прво, затоа што бевме во Јапонија, второ, нè пречекаа како ѕвезди. Иако таму се изгубив додека се шетав низ градот, па по два-три часа лутање по улиците сама, завршив во полиција. Таму, место да ми помогнат да се снајдам, затоа што ми се испразни телефонот и не го знаев името на хотелот, полицијата ме однесе во продавница, ми купи полнач и ми рече: еве ,снаоѓај се“, раскажува Ана.
Кога уметноста е во прашање, секогаш е актуелна темата за разголување пред камера или снимањето љубовни сцени. Таа со смеење зборува за сцената со зелките на голите гради од последниот филм.
„Имаше многу коментари. Но, види, мене не ми е проблем разголувањето. Јас пред 15 години ја снимав првата полуеротска сцена. Тогаш можеби ми било малку непријатно. Со искуството стануваш посигурен. Порано повеќе се секирав како изгледам на камера, дали сум дебела, да не ми се гледа некое влакно на ногата или слично. Кога се снима таква сцена, не е сега ‘ај вие имајте секс’, сепак има техника, малку луѓе се присутни во просторијата. За разлика од театар, потешко е да се соблечеш од причина што има прашина на сцената, а кога снимаш за филм, барем е чиста просторијата“, вели Ана за „Репортер“.
Во сеќавањата за татко ѝ Ненад Стојановски, еден од најголемите македонски актери, вели:
„Го паметам како убав, голем, светол човек. Беше многу популарен, а денес многу повеќе го доживувам како актер затоа што кога почина, јас бев мала. Денес, кога гледам негови улоги, викам бил феноменален. Мајка ми ни е најголема поддршка и на мене и на сестра ми Јана“, вели Ана и додава: „Се случило да одиме на кастинг за иста улога и јас и Јана, мајка ми ни помага, ама никако не смее да каже која е подобра, ептен ќе ѝ се скараме“, се смее актерката.
Зборувавме и за Влатко Илиевски, со кого беше во љубов, па вели: „Многу го сакав. Беше многу убав и беше одличен глумец. Два дена пред да почине бевме кај него и игравме карти. Ме погоди неговата смрт“.
Зборувавме за модата, а ни откри и дека одлично готви. За љубовта, пак, вели: „Сама сум уште, сакам да се заљубам, ама научив да си ги простувам грешките и да се сакам повеќе“. Гледајте го видеото.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...