7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаЗабаваЛатас: Толку многу пари заработував што спиев само по замоци. (ВИДЕО)

Латас: Толку многу пари заработував што спиев само по замоци. (ВИДЕО)

Драган Павловиќ Латас е еден од најдобрите новинари кај нас од осамостојувањето, до денес.

Латас сите го паметат по вестите и неговиот препознатлив имиџ со кошула и вратоврска, но помладите не паметат дека Драган Павловиќ Латас, всушност се проби во новинарството прво во неделникот Фокус, а потоа со неговиот најголем проект, политичката емисија Профил.

Драган Павловиќ Латас беше гостин кај јутјуберот Лазаров, каде во опширно интервју проговори за многу периоди од неговиот живот.
Кариеарата ја почнав многу млад, почнавме со Никола Младенов во Фокус. Земав одлична плата, 1800 марки. Но, таму ми сметаше тоа што многу пиеја. И сакав да се тргнам и го направив тоа.

Прифатив да работам за помала плата во Сител, самоз а да се тргнам од Фокус.

Станав близок со Sинго, кој за мене е еден од најголемите интелектуалци и најпаметните луѓе во Македонија, рече Латас.

Се оженив многу млад. Јас имав неполни 24, а жена ми 19 години.

За да добие дозвола од дома, од татко и за да се омажи, условот беше таа да го продолжи факултетот. Студираше архитектура.

Значи, за да можеме да функционираме како семејство, некој од нас мораше да работи. Тоа секако бев јас.

Успеав, се вработив во Белград, работев со маркетинг. Но пазете, јас се што сум работел во животот, сум гледал да бидам најдобар. Така беше и со оваа работа.

Прво ми ја доделија Македонија за работа и ја сработив одлично, а потоа ме пратија во Словенија, пазар кој во тоа време беше најбогат.

Јас сум таков човек, сакам да помогнам на другари, па на многу од нив им платив трошоци, да дојдат со мене и да ги внесам во работата.

Толку добро работевме, што во една година правев преку сто илјади марки. За 4-5 години направив половина милион.

Со Славе од Охрид пријателот отидовме дотаму, што одлучоивме да не спиеме повеќе во хотели, туку да почнеме да спиеме во замоци.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...