4.9 C
Ohrid
четврток, ноември 14, 2024
ПочетнаСветВодителката Лејла го обвини музичарот Рамбо Амадеус за сексуално вознемирување.

Водителката Лејла го обвини музичарот Рамбо Амадеус за сексуално вознемирување.

Лејла Кашиќ, продуцентката на емисијата „Дневници“ на Радио-телевизија на Црна Гора, го обвини музичарот Антоније Пушиќ, попознат како Рамбо Амадеус, за сексуално вознемирување, по што УНИЦЕФ, чиј амбасадор на добра волја е Рамбо Амадеус, објави дека оваа организација ја суспендирала соработката со него.
„Вчера, на снимањето на епизодата ‘Дневници’, доживеав сексуално вознемирување од страна на нашиот гостин, голем интелектуалец, регионално призната и влијателна личност, амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, Антоније Пушиќ, попознат под псевдонимот Рамбо Амадеус“, напишала таа во објава на Инстаграм.

Како што навела Кашиќ на својот профил, случајот со сексуалното вознемирување се случил во Херцег Нови, каде екипата на РТЦГ снимала епизода од шоуто „Дневници“ со Рамбо Амадеус.
Кашиќ во својата објава напиша и дека „страшно, опасно, проблематично е што некој склон кон девијантно однесување преку ангажман во УНИЦЕФ има пристап до најранливите категории на општеството“.

„Тоа е недопустливо. Секако дека ме нарече луда и глупава. По вербалниот конфликт и по завршувањето на сѐ, добив порака која е само уште еден обид за манипулација, во која вели дека лошо сум го доживеала неговиот впечаток дека можеме да бидеме добри пријатели“, изјави Кашиќ.

Кашиќ рекла дека сѐ се случило во петокот, во текот на снимањето на емисијата и дека Пушиќ непримерно ја допирал. Како што раскажала за „Вијести“, екипата дознала за тоа дури откако се изгаснале светлата на камерата, иако во сировиот материјал има и видео во кое Пушиќ ја нарекува „глупава“.

Наместо извинување, рекла таа, од Пушиќ добила низа навреди дека е „глупава“, „луда“,… Нешто подоцна добила и порака во која музичарот ѝ „објаснил“ дека таа сè погрешно разбрала и погрешно го протолкувала неговиот впечаток дека „можеме да бидеме добри пријатели“.

Слободен Печат

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Отказ за 15 високи полициски функционери- Давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување

Министерот за внатрешни работи откри дека во минатото се давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување. Поради ова, Одделот за...

Мечка сред бел ден се шета низ Ранковце…

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница. Во...

Уште еден од најугледните полициски службеници во СВР Охрид, Горан Коруноски, од денес заминаува во пензија..

Горан Коруноски е роден 31.03.1973 во градот Кичево, прекрасен сопруг и татко на две машки деца. Неговите полициски денови започнаа во далечната 1994 година во...

Скопјанка вчера го пријавила сопругот за напад, денес пак тој ја пријавил неа дека го истепала!

На 13.11.2024 во 23.55 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички...