16.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаФИРМА КОЈА ПРОИЗВЕДУВАЛА ДОЛНА ОБЛЕКА И НИКОГАШ НЕ ВРШЕЛА НАДЗОР, ДОБИ 8,3...

ФИРМА КОЈА ПРОИЗВЕДУВАЛА ДОЛНА ОБЛЕКА И НИКОГАШ НЕ ВРШЕЛА НАДЗОР, ДОБИ 8,3 МИЛИОНИ ЕВРА ОД 22,3-МИЛИОНСКИОТ ТЕНДЕР ЗА ЧЕТИРИТЕ АВТОПАТИ

Домашната фирма „Електра солушн“ која до сега не работала надзор туку главна дејност ѝ била производство на долна облека доби најголем дел од 22,3-милионскиот тендер за надзор на автопатите кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“, објави „360 степени“.

„Електра солушн“ добила 8,3 милиони евра, додека „Евро консалтинг“, на Бранислав Димитријевиќ, за кого има обвинение во Ерменија, 7,1 милиони евра од тендерот. Од останатите пари, 4,1 милиони евра одат кај „ИРД Инженеринг“ од Италија, додека услугите на локалната канцеларија на „ИРД“ во Скопје ќе чинат околу 2,4 милиони евра. За последниот партнер во конзорциумот, шпанско-кинеска „Ептиса“, се предвидени 400.000 евра.

„Електра солушн“, до објавувањето на тендерот немала лиценца за надзор. Барање до Министерството за транспорт и врски фирмата го доставила 12 дена по објавување на тендерот, а лиценцата е издадена за помалку од 5 дена. Документите од Централниот регистар кои ги објави „360 степени“ покажуваат дека компанијата постои 21 година. Во најголем дел од своето постоење компанијата за главна дејност имала – производство на долна облека, па кратко давала услуги во врска со информатичка технологија, пред да се вклучи во градежништво.

Анализата на договорот што ја направи „360 степени“ покажува дека она што на јавноста ѝ се претставува како надзор од меѓународни експерти, всушност, е само завеса зад која доминантно стојат домашни кадри. Од 81 експерт кој ќе биде вклучен во надзорот, само 5 се странци од кои четворица од земји од соседството.

Според документите, на 4 лица од правниот тим за преговори за цената на чинење на градбата на автопатските делници им се дадени паушали од 300 илјада евра по човек, односно вкупно за четворицата државата ќе плати 1.200.000 евра.

И покрај големиот број сомнежи во врска со тендерот на надзор државата тврди дека тој е спроведен според закон. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми велат дека фирмите „Евро консалтинг“ и „Ептиса“, кои се дел од конзорциумот предводен од „ИРД инженеринг“, немаат забрана за учество на тендери па поради тоа добиле зелено светло од системот за јавни набавки.

На фирмата „Евро консалтинг“ основач и сопственик е Бранислав Димитријевиќ, вмешан во корупциски скандал во Ерменија. Фирмата „Ептиса“ добила забрана од државата за ангажирање на градежни надзори поради неетичко и непрофесионално однесување во проектот за изградба на железничката пруга Куманово-Бељаковце, но десет недели потоа Владата ја поништила таа забрана.

„Фирмите немаат никакви забрани за учество на јавни набавки односно испочитувани се сите законски прописи во постапката. Ние не евалуираме акционери, туку компании. Штом фирмата нема добиено негативна референца за досегашната работа не може да биде исклучена од постапката. Сопственик на фирмата ‘Евро консалтинг’, според документите кои се поднесени во постапката, е Зоран Димитријевиќ“, рекоа од комисијата во Државни патишта која работела на тендерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...

Тројца малолетници од Тетово фрлиле свој соученик од прозор !!!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 01.04.2024 во...