18.9 C
Ohrid
недела, мај 12, 2024
ПочетнаМакедонијаСтан во Грција покрај море поевтин од Скопје и Охрид

Стан во Грција покрај море поевтин од Скопје и Охрид

Грција е една од поинтересните дестинации за купување имот, без разлика дали луѓето бараат можности за инвестирање, одмор или дури и постојан дом на сонце. А граѓаните на Македонија тоа го препознаа и купуваат многу станови во таа земја.

Според податоците, цената на метар квадратен на некои места е двојно зголемена во однос од пред пет години. Основниот совет на грчките адвокати е да пронајдете добра агенција за да не ве наведуваат на „заштеда“ која подоцна правно може да ве чини многу повеќе.
Инвестициите на странските купувачи се зголемија во последниве години, дозволувајќи им на многумина да го остварат својот сон да поседуваат куќа за летен одмор во Грција. Нашите граѓани, особено поради скокот на цените кај нас, се повеќе гледаат на можностите таму.

На пример, стан од 50 квадрати во популарното летувалиште Неос Мармарас, на 300 метри од плажа, чини 38.000 евра. За стан од 45 квадрати во Паралија, на 500 метри од плажа, треба да платите 45.000 евра, додека за споредба, недвижнина од таа квадратура по просечна цена во Скопје би чинел повеќе од 60.000 евра- Пишува Денар.Мк

При купување на недвижен имот во Грција, струјата и водата треба да се префрлат на сопственикот. Тоа чини од 70 до 100 евра. Во оваа земја струјата обично се плаќа на секои два месеци. За стан од 85 квадрати треба да плаќате нешто повеќе од 100 евра месечно за струја. Водата се плаќа два пати или еднаш годишно. Тој трошок е околу 35 евра. За интернет треба да одвоите од 10 до 16 евра во зависност од пакетот што го земате.

Вкупни трошоци за купување стан:

• Цена на недвижнина: 85.000 евра (75 м2 + двор 40 м2 + паркинг место)
• Проценета вредност на недвижен имот за плаќање данок: 46.259 евра
• Данок на промет 3%: 1.387 евра + 3% данок = 1.429 евра
• Нотар: 1.100 евра (договорот има 28 страници)
• Упис во катастар: 400 евра
• Адвокат: 850 евра
• Трансфер за приклучоци за струја и вода 70-100 евра.
Денар.Мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Швајцарија победник на Евровизија – момчето ја освои Европа со лакирани нокти, мини здолниште и нашминкано лице..

Швајцарскиот пејач Немо победи на изборот за песна на Евровизија во шведскиот град Малме, пренесоа светските агенции. Немо доби 591 поен со песната „The Code“....

Ограбена канцеларијата на МАТИЧНОТО во Прилеп

На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории...

Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот на слобода

Укината е пресудата изречена за двацата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими кои добија условни казни затвор, а...

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство. Изборите во кои доживеаја катастрофален пораз, причина социјалдемократите да заминат на брзи внатрепартиски избори....