15.9 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаАхмети: Ние не сме воз, туку незапирлив ураган

Ахмети: Ние не сме воз, туку незапирлив ураган

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дваесет години работевме луѓето да бидат заедно, и вечерва дојдов во Чаир како продолжение на средбите што ги имавме од Полог до Скопје. Во последно време некои се лутат, но кај мене нема враќање назад! Ги почитувам одлуките на мнозинството од партиските тела, но не можам да излезам од патот трасиран со крв и вредности, истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети на вечерашниот митинг во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир.

<

– Нашата мисија започна за обединување, да им го дадеме на Албанците тоа што историски го заслужиле, слобода, правда, еднаквост. Јас, Талат Џафери и сите како нас, мора да работиме да го трасираме овој пат и да го направиме просперитетен за новите генерации бидејќи времињата се сменија. Денес се бара образование, квалитет и експерти, па јас сум многу горд на тимот што го има ДУИ во Владата, а оваа гордост се зголемува кога добивам комплименти од меѓународни претставници за тоа колку е добар нашиот имиџ – рече Ахмети.

Отворете ги рацете и прифатете ги младите, прифатете ја иднината, затоа што не можеме да бидеме дел од Европа без квалитетен и стручен кадар. Во 2001 година ми рекоа, зошто ти требаат Арбен Џафери и Имер Имери. Ни требаа затоа што ни требаше сплотеност и единство повеќе од кога било. Се надминавме себеси по многу прашања, бидејќи единството, сплотеноста ве прави важен, затоа што имаме морална и национална одговорност Албанците да бидат таму каде што заслужуваат – кажа лидерот на ДУИ.

Ги повика политичките лидери, политичарите да го остават на страна гневот, сите да се обединат за земјата да стане дел од Европа, бидејќи, како што наведе „членството во ЕУ е најголемата услуга што може да им се направи на албанските семејства за запирање на миграцијата“.

– Патот кон ЕУ не се запира со пропаганда кон Артан, ние не сме воз туку незапирлив ураган, и не излегувајте пред него зашто ќе ве оддува, порача Ахмети.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците

Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без...

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје.

Попладнево ококу 16 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот од Тетово кон Скопје во која животите ги загубија три лица. Според првичните информации...

Мицкоски: Подобри сме од многу земји во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот

Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка,...

Со име и презиме: Претседателката донесе одлука за помилување осуденици по повод празникот Илинден.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на осудени лица по повод 2 Август – Илинден, националниот празник на Македонија, објави 4NEWS.mk Со одлуката,...