15.8 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаМакедонијаАндријана Јаневска: Носев црвен фустан како симбол за детската крв која беше...

Андријана Јаневска: Носев црвен фустан како симбол за детската крв која беше пролеана во Ваташа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 26-то издание на забавната манифестација ,,Златна бубамара на популарноста” кое се одржа на 16-ти март, а синоќа се емитуваше на Канал 5 телевизија, годинава продефилираа голем број на јавни личности од повеќе области, но како најсподелувана снимка е онаа од настапот на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов.
Бура од емоции предизвика нивната точка, кога Андријана ја запеа ,,Ми заплакало селото Ваташа”, додека Игор во позадина ја рецитираше ,,Цветови”.

<

Овие дела се посветени на 12-те ваташки младинци, кои беа крвнички убиени од страта на бугарскиот фашистички окупатор, а нивната крв се уште е свежа, посебно во Тиквешијата, каде до неодамна имаше и живи сведоци на крвавиот пир, бидејќи настанот се случи на 16-ту јуни, 1943 година.

Околу целата подготовка на оваа точка, која допре до срцата на целата јавност, за ,,Фокус” Андријана раскажува дека идејата за целиот перформанс била на организаторот, Ранко Петровиќ.

Кога и ја кажал замислата, таа била воодушевена.

-Песната ја знам, но до сега ја немав пеено, т.е. ова ми беше прва изведба. На интернет најдов повеќе верзии, но се одлучив за верзијата на Кате од групата ,,Нели ти реков”.
Го гледав нејзиниот настап во емисијата на маестро Зоран Џорлев, и на тој начин ја учев песната.
Јас ја пеев во побавно темпо за да има време Игор да ги каже стиховите на песната ,,Цветови” – вели Јаневска.

Додава дека во меѓувреме била во постојан контакт со Дамир Имери кој го работел аранжманот за оркестарот и хорот Мирче Ацев.

-Откако го договоривме тоналитетот, со Ранко и Игор снимивме пробна верзија за да чуеме како ќе звучи. Бевме согласни дека ќе биде добро и според таа снимка и нотите кои ги подготви Дамир, хорот ја вежбаше партитурата под раководство на диригентката Јасмина Ѓорѓеска.

Еден ден пред настапот направивме заедничка проба во салата, кадешто сè течеше во најдобар ред. Се решив за црвен фустан како симбол на детската крв која беше пролеана во Ваташа.

Додека настапував немав трема, но сепак чувствував доза возбуда бидејќи, како сите Македонци, така и мене ме погодува текстот и мелодијата на песната. Мајсторската рецитација на Игор Џамбазов, како и моќната изведба на хорот, придонесоа песната да добие друга димензија и да ги допре срцата на секој родољуб кој си ја сака Македонија- ни изјави Јаневска.

fokus.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерот Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз...

РВР бренд му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

Светски познатиот пејач Џејсон Деруло, по повод својот прв концерт во Македонија, доби ексклузивен и персонализиран подарок – рачно изработени Nike Air Force 1...

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...

Поради енормна бучава, полицијата во Струга заплени „ламборџини“, БМВ и „ауди“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска...