10.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаАдора Лимани, единствена од Македонија што годинава се запиша на „Браун“ во...

Адора Лимани, единствена од Македонија што годинава се запиша на „Браун“ во САД: „Целта ми е да му помогнам на мојот регион да се излекува од несоодветните правни системи“

Од рекордни 51.302 апликанти за упис на Универзитетот „Браун“ во Провиденс, Род Ајленд, САД, годинава беа прифатени само 5 проценти, што значи 2.609, меѓу кои и единствената од Македонија во оваа генерација која од есен ќе студира таму – Адора Лимани од Тетово.

Таа е матурантка во меѓународното училиште НОВА во Скопје и нема помала оценка од петка, но при уписот ги приложи и дипломите од трите летни школи во САД, наградите од различни меѓународни натпревари по креативно пишување и дебатирање, издадени трудови во локални и школски списанија и воннаставните активности во школото и заедницата, особено од областа за женски права зашто таа го основа и првиот феминистички клуб во нејзиното училиште.

Доби целосна стипендија за студирање и сместување

Примена е со целосна стипендија која ги покрива трошоците за студирање, сместување во студентски дом, учебници, здравствено осигурување, па и патувањето до САД.

– Ова многу ми значи, а и на моето семејство. Работев многу напорно низ годините за да го постигнам. Не ми се верува дека ќе учам таму за неколку месеци. Кога го добив писмото дека сум примена, не забележав дека татко ми ја снима ситуација со телефонот. Не можев да верувам, морав да го прочитам неколку пати известувањето за да се уверам дека не е испратено по грешка. Имаше солзи радосници и голема семејна веселба. Тоа беше ноќ без сон. Некогаш го гледам видеото и уште сум емотивна – раскажува Адора.

Браун“ е приватен универзитет, основан во 1764 година и е еден од осумте најпрестижни универзитети во САД кои спаѓаат во листата со најдоброрангирани универзитети во светот заедно со Харвард, Колумбија, Јејл… Тоа што придонесе Адора да го избере овој универзитет е неговата мисија за служба кон заедницата, преку откривање, комуницирање и зачувување на знаењето. Како водечки истражувачки универзитет во светот, „Браун“ се издвојува со настава насочена кон создавање независни мислители, иновативни соработници и активни глобални граѓани, вклучени во важни прашања за нивната околина и општество. За разлика од повеќето други светски универзитети каде што студентите мора да завршат сет на основни предмети, тука студентот е одговорен за сопственото образование и развивање персонализирана програма на студии наречена „архитекти на сопственото образование“.

„Браун“ ѝ беше прв избор и примена е како ран апликант

– Мисијата и начинот на работа ме поттикнаа да одлучам овој универзитет да биде мој прв избор и да аплицирам како ран апликант. Кога го добив писмото дека сум примена, ми се исполни животната цел да студирам во САД, на една ваква институција. Затоа и немаше потреба за аплицирање на други места, раниот прием не го дозволува тоа. За среќа, „Браун“ беше мој прв избор и универзитет на моите соништа – додава матурантката.
Извор:ФАКУЛТЕТИ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...