Голем број жители на ова и околните долненски села вечерва за Спасовден биле собрани на прослава, кога од нигде никаде дошол извесен Фикрет од село Пешталево и според кажувањето на мештаните, лудувал со автомобилот, а насобраните луѓе бегале да спасат жива глава- пишува Маркукуле.
Меѓу насобраните жители имало и дваесетина дечиња, кои преплашени од разбеснетиот возач бегале и плачеле. После тоа организаторите на прославата повикале полиција, а пијаниот возач направил инцидент и пред полициските службеници, удирајќи еден од организаторите со тупаница, на што според кажувањето на присутните, униформираните лица не реагирале.
За среќа во целиот инцидент нема повредени лица, а не е познато што го натерало жителот на Пешталево да предизвика ваков инцидент, и да го загрози животот на 20-тина дечиња, кои со своите родители, баби и дедовци биле присутни на прославата за празникот Спасовден.
Останува МВР да ги утрврди точните причини за настанот и да преземе се’ што е потребно ова лице да одговара за стореното дело. ВИДЕО ТУКА