16.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМладиот Мемет немал можност да се лекува, а немал ни лична карта...

Младиот Мемет немал можност да се лекува, а немал ни лична карта поради пропусти во системот, пишува „Лице в лице“

Мемет Камбер, продавач на магазинот „Лице в лице“, кој вчера на неполни 20 години, почина на КАРИЛ, немал можност да прави здравствени прегледи.
Како што пишува „Лице в лице“, пред смртта тој влегол во болницата за прв и последен пат. Момчето на КАРИЛ стигнало во екстремно алармантна состојба. Сѐ укажувало на тоа дека се пропуштени години грижа и третман за шанси и надеж за извлекување.

„За жал Мемет најверојатно имал дијабет тип 1, кој што се појавува уште во детската возраст. Живеел со хипергликемија долго време, и кога достасала до енормни вредности, донесен е кај нас. Таа гликемија прави растројство на сите системи. Нашето тело работи на PH, нормално е 7,4, тој имаше вредност на киселост 6,8. Организмот не работи во кисела средина. Многу деца и сме ги спасиле во ваква ситуација, но, кај него оштетувањата беа преголеми. Кога ќе се јави кетоацитоза, пациентите се повеќе подложни и на инфекции, затоа што самиот висок шеќер во крвта е добар агар за каква било бактерија. Тоа дополнително ги влошува компликациите по системи“ вели Маја Мојсова, анестизиолог на КАРИЛ за „Лице в лице“.

Додава дека да се лекувал на време, и ако претходно била регулирана таа гликемија, можеби ќе имале шанси да го спасат. Веројатно никогаш не ни бил испитуван.

Списанието пишува дека Мемет немал можност да прави здравствени прегледи, немал здравствена книшка која ќе значи редовни прегледи. Задоцнетата документација за идентитет, личната карта, ги ставила на „почек“ сите потреби, услуги, замисли за поинаков живот на еден млад човек.

Неговиот ментор од Дневниот центар за деца на улица, Филип Пепоски пак објаснува дека компликациите при вадење лична карта се случиле поради недостапноста на единствениот негов родител, пишува „Лице в лице“.

Мемет почина на 19-годишна возраст, а скопјани го познаваа од дебармаалските улици каде што го продаваше списанието.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...