5.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаЌе има ли нова поскапа струја? Станува сѐ поизвесно дека ДДВ-то ќе...

Ќе има ли нова поскапа струја? Станува сѐ поизвесно дека ДДВ-то ќе скокне од 10 на 18%.

spot_imgspot_img

Се поизвесно е дека од први јули ДДВ-то за струја ќе се врати од сегашните 10 на 18 отсто. Од финансии официјално не потврдуваат, но соопштуваат дека до крајот на јуни годинава се применуваат повластени стапки на ДДВ.

ОД ПРВИ ЈУЛИ 2021 ГОДИНА ДО 21 ДЕКЕМВРИ 2022 ГОДИНА СЕ ПРИМЕНУВАШЕ ПОВЛАСТЕНА СТАПКА ОД 5 ОТСТО, А ОД ПРВИ ЈАНАУРИ ДО 30 ЈУНИ 2023 ПОВЛАСТЕНА СТАПКА ОД 10 ПРОЦЕНТИ. ТОА БЕШЕ МЕРКА КОЈА СЕ ДОНЕСЕ СО ЦЕЛ ДА СЕ ВЛИЈАЕ НА НАМАЛУВАЊЕ НА СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА ЗА ДОМАЌИНСТВА, ВО УСЛОВИ КОГА ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ЕНОРМНО СЕ ЗГОЛЕМИЈА, СООПШТУВААТ ОД ФИНАНСИИ.
Во меѓувреме енергетските компании почнаа да ги доставуваат пресметките за трошоците до РКЕ, кои се потребени за формирање на новите цени на струјата во тарифните блокови. Рокот е до крајот на мај. До сега, Електродистрибуција и МЕМО го направиле тоа. Се чекаат оние од МЕПСО и ЕВН, но и тендерот на кој државната ЕСМ треба да понуди нова цена за својата струјата, која ја користат домаќинствата и малите поторшувачи. Отакако регулаторот ќе ги добие сите пресметки, ќе одлучи што од нивните трошоци ќе биде прифатено, а што не.

КЛУЧЕН СЕГМЕНТ ЌЕ БИДЕ ЦЕНАТА НА ЕСМ ШТО ЌЕ ЈА ПОНУДИ КОН ЕВН ХОМЕ, ЗА КОЈА ТРЕБА ДА ИМА ТЕНДЕР. ВО ОВОЈ ДЕЛ РКЕ НЕМА ВЛИЈАНИЕ. ЗА ОВАА ГОДИНА, СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЕСМ ИМА ОБВРСКА ДА ПОНУДИ МИНИМУМ 50% ОД НЕОПХОДНАТА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА. ТРЕБА ДА СЕ ПОЧЕКА ДА СЕ ВИДИ КОЈА ЦЕНА И КОЛИЧИНА ЌЕ БИДЕ ПОНУДЕНА, ЗАТОА ШТО ТОА Е ВИТАЛЕН ИМПУТ ВО КРАЈНАТА ЦЕНА, ВЕЛАТ ОД РКЕ.
Тендерот за цената која треба да ја понуди ЕСМ, во следните денови треба да го објави ЕВН ХОУМ. Најчесто сите потребни количини ги нудат државните електрани. Каква цена на струјата ќе плаќаат граѓаните во следните шест месеци, најмногу ќе зависи од цената на ЕСМ.

Во меѓувреме се прават и последните анализи за враќањето на евтината дневна струја, која беше укината пред повеќе од една година. Се разгледува опцијата цената на електирчната енергија во одреден период од денот да биде пониска од цената во првиот блок.

Од први јанаури цената на струјата за првиот и вториот блок се намали, а кај цената за третиот и четвртиот блок имаше благ раст. Минимално поскапување имаше и кај евтината електрична енергија. Се намали трошокот за пренос и дистрибуција на струја, но ДДВ-то се зголеми од 5 на 10 отсто. ЕСМ пак за над 15 отсто ја поскапи својата струја, односно цената за мегават час скокна од 48 на 56 евра.

Новите цени за струјата на тарифните блокови треба да се донесат до крајот на јуни, а да важат од први јули.

Ирена Чачкова ТЕЛМА ТВ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...