15.9 C
Ohrid
петок, мај 10, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски го повика Обвинителство да го провери внукот на Ахмети

Спасовски го повика Обвинителство да го провери внукот на Ахмети

МВР гледа можност да се провери како внукот на Ахмети станал сопственик на дел од Соравија. Министерот гледајќи во обвинителството рече дека има начин да се следи текот на парите.

Повик до Обвинителството да отвори истрага денеска упати и опозицијата.

Сите што имаат докази за криминал, вклучувајќи го и МВР да поднесат кривична пријава, врати Обвинителството.

Доколку органите надлежни за откривање на кривични дела и контрола на финансиските текови (Управата за финансиска полиција, Единицата за финансиски истраги при МВР, Управата за јавни приходи или др.) постапат и достават известување или пријава, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности. Инструментот на допрен глас се користи доколку во конкретниот случај постојат сериозни индиции или наводи за сторен криминал или кога органите надлежни за откривање кривични дела не постапуваат согласно своите надлежности. – велат од Обвинителството за Сител.

Од таму додаваат дека се уште трае истрагата за постапувањето на обвинителите во случајот Мерко. Истрага за овој случај има и меѓу судиите каде се проверуваат локалните основни и апелациски судови.

Мерко е само дел од скандалите кои создаваат грижи во Мала Речица во последните десетина дена особено откако медиумите го објавија случајот Ахмети обелоденувајќи дека покрај синот кој е влезен во бизнисот со струја, едниот внук на лидерот на ДУИ си купи лусксузен деловен објект во центарот на Скопје, а другиот, на чуден начин беше испратен во дипломатска мисија во Брисел.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...

Обврска на Скопје е строго да го почитува Договорот од Преспа, забележуваат дипломатските кругови од Грција.

На употребата на името „Македонија“, без одредницата „Северна“, на почитувањето на Договорот од Преспа, но и на ставот на Грција за конкретното прашање, акцентот...