Петар Бозов, пријател на 29-годишниот Бугарин кој вчера беше избоден во Скопје, за бугарската телевизија НОВА зборуваше за инцидентите пред мечот Шкупи – Левски во Скопје.
Бозов бил случаен сведок на нападот, во кој македонските фудбалски навивачи ги нападнаа приврзаниците на Левски. И самиот бил повреден откако бил удрен со стап по главата, но негирал дека учествувал во организирани тепачки.
Според него, избодениот Бугарин Драго не е во животна опасност. Тој ги повика бугарските власти да помогнат во неговото лекување и транспортирање во нашата земја.
Околу 18 часот бевме на влезот во Скопје. Пред него сите бугарски автомобили беа детално проверени дали има оружје. Излезе кордон да нè придружува, но на автопатот нè напушти и не бевме добро чувани. Пред кривина, возачот на вториот автомобил ми блесна со светло и застанавме. Ме праша: „Знаеш ли каде одиме? Јас реков „Да, по трасата што нѝ ја даде Левски“. До нас застана патролно возило и ги прашавме: „Десно“, а тие рекоа: „Да, продолжи, продолжи“. Ова испадна патот до излезот за Чаир“, вели пријателот на избодениот Бугарин, пренесува „А1он“.
„Македонската полиција многу добро виде колку бугарски автомобили скршнаа и завршија во опасната населба“, додава тој.
Околу нив се собрала поголема група мажи од албанско потекло кои почнале да удираат по автомобилите. Таму го избоделе и Драго – другарот на Петар, а биле тепани со метални предмети и лименки.
Тој објаснил дека полицијата им забранила да се сликаат, а им бил одбиен и преведувач за време на сослушувањата. На крајот преведуваше нашиот амбасадор во Македонија.