3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаФридман: „Македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои“

Фридман: „Македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои“

Македонскиот јазик е посебен словенски јазик како бугарскиот, хрватскиот, српскиот. Сегашните проблеми ќе се решат некако, важното е дека македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои и точка. Тоа го истакна проф. д-р Виктор Фридман од Универзитетот од Чикаго, еден од најголемите американски и светски слависти кому денеска во Охрид му беше врачена Светската награда на хуманизмот за 2023 година.

Професорот Фридман забележа дека повеќе од јасно е оти македонскиот јазик се разликува и од српскиот и од бугарскиот на секое лингвистичко ниво, од фонологија, преку морфологија, до лексика, синтакса…

– Сличности има, но Швеѓаните и Норвежаните можат да се разберат кога се сретнуваат, а никој не вели дека норвешки е шведски дијалект или обратно, нели? Во тоа е работата, дека Скандинавците се многу понапреднати од Бугарите – изјави Фридман.

Професорот, кој повеќе од 50 години го учи, истражува и зборува македонскиот јазик, рече дека воопшто немал претстава дека македонскиот јазик ќе предизвика проблеми какви што сега произлегуваат од соседите.

Како остар критичар на политиките на Бугарија кон Македонија во однос на македонскиот јазик, во една прилика тој ја оцени актуелната бугарска политика за фашистичка.

– Да. Затоа што во времето на фашизам кога Бугарите ја окупирале Македонија, и тоа беше окупација, ги тепале децата кои зборувале македонски…Тоа е фашизам. Во времето на фашизам, македонски бил бугарски дијалект, сега што велат Бугарите за македонскиот јазик дека бил бугарски дијалект е исто како во фашистичкото време – рече тој.

Истовремено, тој смета дека Европа е таа што треба да стави крај на сето тоа, а на Македонија е да остане цврста во одбраната на посебноста на македонскиот јазик.

Кога станува збор за бугарските забелешки и оспорувања по однос некои од историските прашања, професорот нема намера да навлегува во историјата на средновековието како Цар Самуил, но цврст во одбраната на вистината кога станува збор за поновата историја.

– Оваа работа со Цар Самуил е многу компликувана и јас нема да пипам во овие средновековни работи затоа што треба да се договорат историчарите што сакаат. Ама кога се работи за Втората светска војна тогаш нема да мрднете од тоа што имаат направено Бугарите во времето на Втората светска војна – дециден е професорот Фридман.

Извор: МИА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...