9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија, водечка земја по губење на млади животи

Македонија, водечка земја по губење на млади животи

spot_imgspot_img

Македонија е повторно „водечка земја“! Овој пат на трето место сме во светот по смртност од рак на дојка! Првото место по смртност на новороденчиња во Европа не го испуштаме веќе неколку години. Каква црна статистика! Податоците говорат дека драстично е зголемен бројот на жени со рак на дојка. Пред осум години бројот на заболени бил 600, минатата година се регистрирани 1200 случаи. Дури три од четири жени завршувале со оваа опака болест. Ако порано заболуваа жени над 50 годишна возраст, сега ракот на дојка ги напаѓа и тинејџерките и жените на 30 и 40 години.

И во целата оваа застрашувачка ситуација, новите, современи терапии не се достапни во лекувањето. Нема стратегија како да се справиме со ова малигно заболување, а скринингот со мамограф е воведен дури минатата година. И да, сега откако ескалира состојбата се набавуваат мамографи, ама најчесто нема кој да снима со нив или да ги чита резултатите. Нема доволно соодветен кадар.

Може само да се претпостави колку жени сите овие години се „испуштени“заради неорганизираност на овој дел од здравството? Таква статистика во државата не постои.

Се сеќавам на една колешка, млада новинарка која почина бидејќи ракот на дојката и беше откриен доцна. Не и преостана ништо друго освен да разговара со свештени лица за да може полесно да ја прифати смртта. Да, тоа е апсурдот на оваа држава. Во 21 век, наместо лекар, да се бара поп. Колку вакви случаи има во државата? Млади жени умираат или затоа што болеста е откриена доцна или затоа што современите лекови не се достапни.

Не е гревот на оваа владеачка гарнитура ниту во минатата што во здравството набави прескапи апарати, што праќа лекари на некакви едукации во странство на една -две недели кои потоа ги нарекува специјализации, што прогласува најдобри лекари иако добрите остануваат ненаградени. Гревот на оваа власт е што нема никакви резултати од сето тоа!

Штом нема задоволни пациенти и задоволни лекари нема успешна приказна. Најдете ми подобар индикатор од тоа!

Погрешните политики и реформски зафати не им го олеснија патот до медицинска помош на пациентите. Можеби замислата за електронското закажување преку „Мој термин“била позитивна, но во пракса се покажа како исклучително лош проект. Не само што се чека со месеци за одредени снимања или преглед кај бараниот лекар, туку и кога конечно пациентот ќе влезе на преглед , лекарот може да му посвети само 15 минути. Додека болниот се соблече и каже што го мачи, времето веќе поминало. Нема време да го прегледа, да разговара со него, да го прати на испитување.

Така е и со другите проекти во делот на реформите во здравството. Избрзани, позајмувани од каде стигнале, без план и стратегија како тие проекти ќе се вклопат во македонскиот здравствен систем. Она што е „осетливо и болно“не се чепна. До каде се пакетите за здравствени услуги за кои со години се зборува дека ќе се донесат? Зошто не е направен пакетот за основни здравствени услуги? Граѓаните имаат право да знаат кои од прегледите се на товар на Фондот за здравство и дали и што треба сами да плаќаат.

Да, знам одговорот кој следи е дека во време на СДСМ, не била закована ниту една шајка. Така велат во Министерството за здравство. Се фатија за шајките и за СДСМ, а зборуваме за одговорност на тие што се сега на власт. Тие што раководат со здравството! Се злоупотребува институцијата Министерството за здравство за одговори од ваков тип, наместо стручни како што се очекува од нив. Толку од стручноста. Зборуваат политиката и пропагандата. За да остане запаметено!

Деновиве слушаме и за недовербата на матичните гинеколози во резултатите од ПАП тестовите на Клиниката за гинекологија. Резултатите во 98 проценти биле уредни, но без потпис и печат, така што гинеколозите се сомневаат во нивната точност. Од Клиниката за гинекологија велат тоа било неосновано клеветење, станувало збор за техничка грешка и ненамерен пропуст во резултатите. Замислете, техничка грешка! А,се работи за човечки животи! И после немало драстично да се зголемува бројот на жени заболени од рак на грлото на матката.

Ете, така стојат работите во македонското здравство. Според надлежните имаме најдобро здравство, а според меѓународните истражувачки центри, ние сме водечка земја по смртност на некоја болест. Овој пат тоа е ракот на дојката. Болест која во свет може да се излекува, за која постои напредна терапија. Лековите ги има и кај нас, ама за тие што можат да платат по 5-6000 евра месечно. А, кој може да си го дозволи тоа? Велат дека здравствениот систем не можел да го понесе тој товар. За кого тогаш постои ако не може да им помогне на пациентите? И пак ќе се вратам на спомениците заради споредба. Тука се да не потсетуваат на една лудост, на едно време во кое жените умираат бидејќи не можат да дојдат до потребната терапија. Време во кое човечкиот живот не вреди ниту пет пари, а парите од граѓаните се трошат на вакви луцидни проекти. Ете, затоа сме трети во свет по смртност на ракот на дојка. Така е, водечка земја сме, но по губење на млади животи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...

Кандидатот за пратеник Д-р Александар Веслиески со честитка за престојните Велигденските празници.

Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски, кандидат од партијата ЗНАМ во 5-та изборна единица ви ги честита претстојните Велигденски...

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...