13.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Уништивме 10 тони различни видови на дрога, во вредност од 26...

Спасовски: Уништивме 10 тони различни видови на дрога, во вредност од 26 милиони евра

spot_imgspot_img

Денес во просториите на фабриката „Макстил“ беа уништени околу 10 тони различни видови на наркотични дроги одземени до август 2022 година, врз основа на правосилни судски одлуки и врз основа на судски решенија. Станува збор за повеќе од 8,2 тони марихуана, околу 100 килограми хашиш, хероин и кокаин, над 1000 растенија, семки од канабис, како и 1,2 милиони парчиња психотропни супстанци, што преставува најголемо количество на уништена дрога во земјата, чија вредност на црниот пазар би била 26 милиони евра, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски нагласи дека оваа уништена количина е резултат на бројните акции што ги спроведуваат изминатите години.

-Уништувањето се изврши во организација на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за управување со одземен имот и Државната комисија за уништување на наркотични дроги. Бројките говорат за напорите и за бескромпромисниот став што го преземаме. МВР и сите организациски единици за сузбивање на дрога продолжуваат со овој приоритет. Посебна благодарност до сите колеги што работат во овие оддели за сузбивање на дрога, истакна Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја...

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе...

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...

Кандидатот за пратеник Д-р Александар Веслиески со честитка за престојните Велигденските празници.

Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски, кандидат од партијата ЗНАМ во 5-та изборна единица ви ги честита претстојните Велигденски...