5.7 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДиректорот д-р Шокаровски се докажува со дела: На Клиниката за кардиохирургија во...

Директорот д-р Шокаровски се докажува со дела: На Клиниката за кардиохирургија во Скопје за првпат во регионот е изведен метод на ставање стент на лак на aорта

На Клиниката за кардиохирургија во Скопје за првпат во регионот е изведен метод на ставање стент на лак на aорта, кој ќе овозможи полесен третман на пациентите кои се во потешка здравствена состојба, а за кои постои висок ризик од смртност при хируршки зафат, рекоа денеска директорот на Клиниката д-р Марјан Шокаровски и д-р Никола Лазовски.

„Се работи за воведување на нова ендоваскуларна метода која што првпат се изведува во регионот, а можам да кажам и пошироко, со која на многу полесен начин ќе им овозможи третман на пациентите кои што се во потешка здравствена состојба. Се изведува со полесна анестезија и престојот во болница е пократок“, рече директорот Шокаровски.

Досега на Државната кардиохирургија, како што објасни д-р Азовски, ставањето стент на лак на аорта како метод се работи рутински хируршки отворено и хибридно.

„Ова е нашиот најнов придонес во доближувањето до современата медицина. Најпрво би сакал да се заблагодарам на сите субјекти особено на тимовите кои придонесоа до успешна реализација на овој метод. Ставаме стент на лак на аорта кај болест која што се вика аневризма на лак на аорта. Станува збор за сериозна болест, со многу висока смртност доколку не се лекува“, рече Лазовски.

Тој додава дека овој метод се користи за пациенти што имаат висок ризик на операција и во случаи кога се проценува дека пациентот нема да може да издржи хируршки третман.

„Кај еден пациент, кој што го проценивме како високо ризичен ставивме стент на лак на аорта. Пациентот се подготви со друга операција, се направи премостување на крвните садови за мозокот и за рацете, а една недела подоцна се реализираше оваа процедура со два мали резови на двете раце и еден 5-6 сантиметри рез во препона. Пациентот четири дена по операцијата си отиде дома и е на домашно лекување“, рече Лазовски и додаде дека овој метод се овозможи со отворање на хибридната сала.

Директорот Шокаровски најави проширување на капацитетите и на дејноста на Државната кардиохирургија со нов оддел, специфичен за срцева слабост, со што би се подобриле условите за лечење на тие пациенти.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...