4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Пецаков бара итно институциите да ги пронајдат лицата кои помеѓу Охрид...

Градоначалникот Пецаков бара итно институциите да ги пронајдат лицата кои помеѓу Охрид и Струга имаат направено ринг за борби со кучиња !!!!

spot_img

После објавата на Анима Мунди градоначалникот Пецаков се огласи за направениот ринг за борби со кучиња помеѓу Охрид и Струга, тој во неговото соопштение вели:

Сосема небитно е дали е локацијата во Охрид, Струга или некаде на друго место…

Сликата е нечовечна и нецивилизирана…

Потребна е брза институционална реакција од соодветните институции‼️

Во продолжение ви ја прикажуваме и објавата на Анима Мунди

Во околината на Охрид, на излезот према Струга, на јавна површина направен ринг за борби на кучиња. Ликови, добро познати и на полицијата, си организираат борби и мува не ги лази (заради наша безбедност моравме да ги цензурираме лицата). Со пехари, со присуство на лица од други градови и држави (претходно во кампот Андон Дуков се организираа, и ширум други струшки и тетовски села), со цела организираност која е апла воочлива и за полицијата која со години никого не санкционирала (од наши извори дознавме дека еднаш и била набркана кога по пријава отишле на сред една ваква борба полна крвопролевање на недолжни битија).

Што дека низа законски одредби се прекршуваат (види во прилог слики од Законот за заштита и благосостојба на животните), некои имаат “привилегија” да се ставаат над законите, и притоа иако закон прекршуваат да се закануваат на оние што закони почитуваат и важат за чесни и совесни граѓани. Свесни поради ризикот по нашата безбедност не се осмелуваме да пријавиме во полиција, каде несомнено ги има и лица ближни на овие ликови.

Локацијата е добро позната и на полицијата, која ако е доследна на заклетвата која ја дала и на она што нејзина должност е, би проделувала на основ и на оваа објава и доказен материјал (да, и сликите се доказ, за оној што на правината и доброста сакаат да им служат), на ова очигледно прекршување на законите и дивеење ширум државава. Не може и не смее за некого законите да важат (и за најмали ситници), а за некои да не важат (и за вакви големи зла).

Кутри животинчиња, недолжно измачувани и злоупотребувани заради нечии психички и душевни изместувања. Од овие зла, подлога се создава и за зла учинувани и врз луѓе, тешко таа држава која таа вистина не умее или не сака да ја воочи.

Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme
Oliver Spasovski
Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид
@Агенција за храна и ветерина- Пишува Анима Мунди во нивното соопштение

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...