13.5 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаМакедонијаРСЕ“: Деветнаесетгодишен кумановец ќе набавува апарати за коцкање за Државна лотарија

РСЕ“: Деветнаесетгодишен кумановец ќе набавува апарати за коцкање за Државна лотарија

Фразата годините се само бројка е употреблива и во бизнисот. Таков е примерот на 19 годишниот кумановец кој од неодамна е и млад претприемач. Фљамур Невзатовски ќе набавува апарати за коцкање за Државната лотарија. Неговата компанија „АП Солутионс“ добила тендер вреден 204.825 евра.

Во анализата на Радио Слободна Европа се вели дека од основањето во јануари 2018 година до пред шест месеци фирмата била заведена под името „Друштво за проектирање, дизајн, градежништво, трговија и услуги ФДЕСТАНИ АРХИТЕКТ ДООЕЛ увоз-извоз с. Лојане Липково“, со регистрирана дејност во архитектурата. Променето е и седиштето на компанијата од селото Лојане, Липковско во скопски Аеродром.

Во старата фирма сопственик и управител бил Фатбард Дестани. На 19 април 2023 година, со промената на името и адресата на компанијата, Фатбард Дестани доставил понуда до Фљамур Невзатовски за преземање на нејзиниот основачки влог. Истиот ден, тој е прифатен и преземен од Фљамур Невзатовски. Веќе од 25 април, Невзатовски станува единствен основач и управник на „АП Солутионс“.

Она што остава простор за сомнеж е моменталниот работен ангажман на 19 годишниот Невзатовски. Според информациите до кои дојде РСЕ, а се потврдија и преку податоците на Фејсбук профилот на Невзатовски – тој е вработен во „Ритрон копи“, компанијата која била единствената конкуренција на неговата „АП Солутионс“ во борбата за тендерот на Државна лотарија вреден 204.825 евра.
Ова е само последен во низата сомнежи за сериозен криминал во Државната лотарија која претходно склучи договор за закуп на објект во скопско визбегово за месечна кирија од фантастични 22 илјади евра и тоа за период од 10 години со фирма која низ годините се поврзува со семејството на првиот вицепремиер Артан Груби.

Истражувањето на РСЕ објавено пред еден месец покажа дека промоцијата и маркетингот на Државната лотарија го работат компании чии сопственици се во блиски релации со сопствениците на издавачките куќи „Арбериа Десигн“ и „Арс ламина“.

Борис Грујоски Алфа

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се јасни и немам намера подетално...

Доктор Арбен Таравари му го врати ефридолот на Артан Груби

На прославата на ВРЕДИ (ВЛЕН) во Тетово, Арбен Таравари се појави со Ефридол пред толпата, и му го врати на Артан Груби. Оваа битка започна...

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...