12.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПриведени три лица пред судот во Охрид: Семејствата на убиениот и обвинетиот...

Приведени три лица пред судот во Охрид: Семејствата на убиениот и обвинетиот физички се пресметале !!!

spot_imgspot_img

Поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка пред Основниот суд во Охрид полицијата денеска приведе три лица од струшкото село Велешта, соопшти СВР Охрид.

Според информацијата, во 13 часот и 45 минути лицата биле приведени во СВР Охрид, а по целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Основниот суд во Охрид денеска беше објавена пресуда за случај со смртни последици, а пред зградата на Судот настанала тензична атмосфера меѓу семејствата на убиениот и обвинетиот, по што интервенирала полицијата.

Влезот во Судот не бил дозволен за двете страни, бидејќи требало само да се објави пресудата и се очкувале тензии. Обвинетиот е осуден на 15 години затворска казна.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...