14.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаUncategorized @mkПрва рожба, на речиси 60 години: Денес се породи пациентката на д-р...

Прва рожба, на речиси 60 години: Денес се породи пациентката на д-р Стојан Органџиски

На речиси 60 години, денес се породи пациентката на д-р Стојан Органџиски, по успешно спроведена ин витро процедура

На речиси 60 години, денес се породи пациентката на д-р Стојан Органџиски, по успешно спроведена ин витро процедура. Историски ден и за нашиот тим.

Здраво машко бебе дојде денес на свет со тежина од 3200 грама, #зачнато кај нас, со следена бременост во нашата #Болница!
Оваа родилка е една од #највозрасните пациентки на овие простори, која на речиси 60 – годишна возраст, ја донесе својата #прва рожба.
Станува збор за највозрасната жена што успешно има доносено и родено здраво дете на нашиве простори.

Силната желба за бебе и нашите професионалци во целиот процес беа идеален спој, за и оваа семејна сторија да успее:
,Бременоста ја постигнавме во нашата #Болница, по успешно спроведена ин витро постапка со #донирани јајце клетки.
Пред ин витро процедурата на пациентката ù имам извршено хистероскопска операција со ресекција на септум – преграда во матката.
Повеќе години пред лекувањето пациентката #немаше менструални циклуси.
Целиот процес на лекување и самата #ин #витро постапка бараат многу знаење, посветеност и љубов кон самата професија.
Целата бременост беше следена во нашата Болница и целокупната бременост протече сосема нормално”, #истакнува за овој несекојдневен успех доктор #Стојан Органџиски, директор на Болница ,,Д-р Органџиски” и гинеколог што истрајно и со силно знаење ја водеше бременоста на оваа среќна мајка.

Поради тоа што пациентката не живее во Македонија, се породи денес во Софија. #Штип за неа значи многу. Во нашата Болница е зачнат #ембрионот на нејзиното здраво бебенце, благодарение на професионалната умешност на д-р Стојан Органџиски во спроведувањето на ваквите успешни ин витро процедури.
За успехот и за вложените знаења и енергија, заслужен е и целиот негов тим, на кој му упатува безусловна благодарност, а посебно на д-р #Верица Органџиска и на главниот #ембриолог во ин витро лабораторијата на Болницата, Емилија #Миовска.

Среќа е да се подарат среќа и бебешки плач во уште еден дом!
Успех е да се оствари најголемата желба на секоја жена – да се биде мајка!
Во име на целиот тим на Болница ,,Д-р Органџиски” на мајката и на новороденото синче им посакуваме многу здравје и семејна среќа во текот на целиот живот!
.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца малолетници од Тетово фрлиле свој соученик од прозор !!!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 01.04.2024 во...

Македонски етнолог на страниците на Њујорк Тајмс

Александар Арабаџиев, етнолог произлезен од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ и мултиинструменталист со потекло од Радовиш, е учесник во ново меѓународно...

Османи: Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци

Влада без легитимни Албанци е исто како Влада без Албанци, порача Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на Канал 5 во „Само Интервју“. Тој...

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...