22.9 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаќири со насолзени очи: Не сум имал можност да заработам приходи за...

Заќири со насолзени очи: Не сум имал можност да заработам приходи за да им помагам на 4-те деца, 3 мои и едно од претходниот брак на сопругата, рече тој.

Ексгенералниот секретар во Владата, Мухамед Зеќири, денеска ги даде завршните зборови пред судот.

Со солзи во очите Зеќири рече дека 593 дена трае неговата лична драма, а животот му се превртел на глава.
На почетокот на годината ненадејно почина мојот помал брат оставајќи зад себе 3 малолетни деца, а кратко потоа на мојата сопруга, како што е документирано во судот, ѝ беше дијагностицирана тешка болест. Нејзиното лекување трае веќе 9 месеци, сè уште не е завршено и не знаеме колку ќе трае и како ќе заврши. 593 дена по стигматизирањето во јавноста, не сум имал можност да заработам приходи за да им помагам на 4-те деца, 3 мои и едно од претходниот брак на сопругата. Во овој период сите материјални обврски паѓаат на товар на родителите на сопругата, кои од странство дојдоа во Скопје за да ја преземат грижата за нас и Обвинителството парадоксално ги користеше како главен аргумент за продолжување на мојот притвор посочувајќи дека може да бидат јатаци“, рече Зеќири во своето емотивно обраќање.
Судот не треба да дозволи покрај сувото да изгори и суровото, сите аргументи се реална основа за да донесете праведно решение за ослободување од обвинението“, рече Зеќири.

Според договореното на денешното рочиште, пресудата за предметот ќе биде објавена следниот петок, на 1 декември.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година како генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ален Деребан: Почитувани стружани, во среда има прегласување, не далат само 300 гласа за уште еден пратеник !

Почитувани стружани, Врз основа на одлуките донесени од Државната изборна комисија (ДИК), потврдени од Управниот Суд, на ден 22.05.2024 година (среда) гласањето ќе се повтори...

Трагично згасна животот на 18 годишен матурант во Македонија

Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово со емотивна објава се прости од својот матурант Елдон Шабани чиј живот згасна на трагичен начин. – Со...

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија!

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија! Марија со нејзините родители Игор и Бети Кирески со потекло од Гостивар, живеат...

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...