7.9 C
Ohrid
петок, април 18, 2025
ПочетнаМакедонијаОсомничените за убиството на Вања и Панче поминуваат низ пекол: Другите притвореници...

Осомничените за убиството на Вања и Панче поминуваат низ пекол: Другите притвореници во затворот ги пцуеле, им тропале по решетките и исто така му упатувале смртни закани !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Четворицата осомничени за киднапирањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кои добија притвор и се во затворот „Скопје“ во Шутка, се соочуваат со револтот на останатите притвореници, дознава „Скопје1“. Секое нивно изнесување и внесување во затворот се гледа преку прозорците, а приворениците им довикувааат, тропаат по решетките, ги пцујат. Потврда за ова побаравме од директорот на затворот Филип Андов, кој ниту потврди, ниту негираше. Тој посочува само дека безбедносната состојба се контролира. Посочи и дека до четворицата осомничени пристапот е ограничен.

<

„Тие се издвоени од останатите притвореници и затвореници. Пристап до нивните простории немаат ниту сите затворски полицајци. Се влегува со посебни картици, кои ги имаат определени стражари. Се контролираат постојано, со оглед на степенот на кривично дело, а согласно протоколите и законите“, вели Андов за „Скопје1“.

Притворениците и затворениците од Шутка се згрозени од двојното убиство. Тројца од четворицата осомничени кои се во истиот затвор, признаа вина. Тие пред обвинител и полицијата признаа кои се нивните улоги. Го посочиле и Љупчо Палевски-Палчо како организатор и реализатор на грозоморниот чин. За ова известија и истражните органи.

Единствен меѓу нив, кој не признал вина, ниту поврзаност со било кој од останатите осомничени вклучувајќи го и Палевски-Палчо е таткото Александар Ѓорчевски. Тој тврди дека со никого не се познава, ниту кажал траекторија на движење на убиената Вања.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Одјек од Вевчани- Млади момчиња ја негуваат традицијата со зурли и тапани.

ИНТЕРВЈУ СО ГРУПАТА „ВЕВЧАНСКИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ“ 1. Како започна вашата приказна како музичка група? Нашата љубов кон традиционалната музика е нешто што го носиме уште...

Се стравува за уште двајца пациенти од пожарот во Кочани.

Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба,...

Стојанче Стефанов е 62-тата жртва од пожарот во Кочани.

Согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 1998 година. Станува збор за...

Дискотеката „Пулс“ ја зема 62 жртва- Почина 24 годишно момче.

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани,...