17.9 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаМакедонијаТруење со хлор во хотел на брегот на Охридското Езеро, седум лица...

Труење со хлор во хотел на брегот на Охридското Езеро, седум лица завршија во болница

За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид.
Седум лица, меѓу кои две малолетни, завршија во болница поради знаци на труење со хлор.

Од СВР Охрид информираат дека вчера во 19:55 часот е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор.

-Во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје, информираат од полицијата.

За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид.

Се работи на расчистување на случајот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома

Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми...

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси,...

100 дена влада: Џафери задоволен од сработеното

Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец, е уште еден придонес во демократијата, вели Талат Џафери. Тој очекува новата влада да...

Европски фронт: Не си играјте со Албанците! Ова може да има последици на стабилноста…

Централното претседателство на ДУИ денеска се собра во седиштето во Мала Речица за да разговара за последните политички случувања во земјата по изборите на...