31.9 C
Ohrid
четврток, јуни 26, 2025
ПочетнаМакедонијаДвата патнички воза за Битола по четири месеци поправка, се враќаат во...

Двата патнички воза за Битола по четири месеци поправка, се враќаат во сообраќај

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од утрово, повторно сообраќа укинатиот патнички воз од Скопје за Битола, кој поаѓа во 6,53 ч. Истиот патнички воз се враќа за Скопје, со поаѓањето од Битола во 18,24ч. За ова информираа од МЖ Транспорт, со соопштение кое се најде на просториите од Железничка станица Велес.

<

На истото на патниците им се соопштува дека од среда 27 март, започнува да сообраќа и третиот патнички воз, кој од Битола за Скопје поаѓа во 12,48 ч. а од Скопје кон Битола тргнува во 20,04 ч.

Двата патнички воза од и за Битола, кои се враќаат во сообраќај беа укинати на 24 ноември лани, од кога на оваа релација сообраќаше само еден патнички воз. Тој од Битола за Скопје тргнуваше во мугрите 3,13 ч. а се враќаше од Скопје на пладне 14,30.

Официјално МЖ Транспорт никогаш не кажа јавно, која беше причината за прекинот на патничкиот железнички сообраќај на релација Скопје – Битола.

Но во јануари годинава, објави јавен повик за набавка на резервни делови за кинеските дизел патнички гарнитури, кој заврши на 26 јануари. Два месеци подоцна двата патнички воза се поправени и пуштени во сообраќај.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Петар Богојески ќе предава на Воена академија

Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, денеска на социјалните мрежи објави дека...

Археолози открија автохтон натпис на сад при истражувања на локалитетот Градиште-Охрид.

При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“, во селото Младо Нагоричане, археолозите од НУ Музеј – Куманово открија две значајни наоди – најстар автохтон...

65 годишна жена од Австралија прегазена во Охрид.

На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски...

Скопјанецот ја тепал својата 4 годишна ќерка бидејќи се качила на креветот за да ги земе играчките !!!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против...