17.7 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаДенеска е Балаклија, празник на мајката Божја, прв петок по Велигден –...

Денеска е Балаклија, празник на мајката Божја, прв петок по Велигден – направете го ова за бидете здрави и среќни

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Источен петок, се вика уште и Извор на лекувањето, бидејќи тој ден верниците одат на најблискиот извор и се измиваат поради лекување од многу болести. Посветен е на прославувањето на Пресвета Богородица која на тој ден во богослужењето се нарекува Живоносен источник.

<

Востановувањето на овој празник се случил во храмот крај еден извор блиску до Цариград кој се викал „Животоносен источник“, кој го подигнал царот Лав Велики (V век). Според преданието, во една прилика уште додека не бил цар на Византија во шумата пронашол слеп човек кого го одвел до изворот го напоил и го измил, а потоа слепиот прогледал.

Кога станал цар, на местото каде што ова се случило изградил храм во знак на благодарност на Пресвета Богородица, а народот веднаш почнал да пристигнува од сите страни барајќи и наоѓајќи лек за многу болести.

Обичај е во зорите да одите до најблискиот извор или поточе каде може да се измиете, да пиете вода и да наберете цвеќе и весели да се вратите дома дури доцна вечерта. Денешниот празник, како слава некаде го прославуваат сопствениците на ресторани, во некои места на овој ден жените не работат потешки работи, во некои села се бојадисуваат јајца исто како за Велигден само што овојпат им се наменети на мртвите. Во некои места овој празник се прославува и како селска слава когае обичај да се заколе јагне.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...