5.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСе побунаа директорите: Со покачувањето на минималната плата на 14.500 денари ќе...

Се побунаа директорите: Со покачувањето на минималната плата на 14.500 денари ќе треба да ги затвориме фабриките, за нас нема да остане ништо.

spot_img

Минималната плата од декември ќе биде зголемена за 2.000 денари и ќе изнесува 14.500 денари што, според Владата, е историски највисок износ досега. Зголемувањето се очекува да предизвика и спирално покачување на останатите плати во државата, но не се исклучува и можноста за евентуално затворање на помалите текстилни компании.

Новото покачување на минималната плата, како што вчера информираа социјалните партнери, е постигнато преку искрен социјален дијалог, а од Владата се оптимисти дека до крајот на мандатот ќе го исполнат и даденото ветување за минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари.

ЈА ПОТТИКНУВАМЕ И СПИРАЛАТА НА РАСТ НА ПЛАТИТЕ И СО ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ ДОБИВАМЕ И ПОКАЧУВАЊЕ НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА. ЗАСЕГА Е ПОКАЧЕНА ЗА 5,6 ПРОЦЕНТИ НА ГОДИШНО НИВО ВО 2018 ГОДИНА. ОВАА ГОДИНА СЕКОЈ МЕСЕЦ ИМАМЕ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ЗА ИСТИОТ МЕСЕЦ ОД ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА. ТОА НИ ДАВА ЗА ПРАВО ДА БИДЕМЕ ОПТИМИСТИ И ДА НАЈАВИМЕ ДЕКА ДО КРАЈОТ НА МАНДАТОТ ЌЕ ГИ ПОСТИГНЕМЕ ЦЕЛИТЕ ЗА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 30.000 ДЕНАРИ И МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 16.000 ДЕНАРИ, ИЗЈАВИ ВЧЕРА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ, КОЈ ЗАЕДНО СО ЕКОНОМСКИОТ ВЛАДИН ТИМ ГО НАЈАВИ НОВОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ.

Трудоинтензивните дејности како текстилната и кожарската индустрија предупредуваат дека постои можност за затворање на помалите компании, кои не ќе можат да го издржат притисокот од покачувањето на минималната плата, но се надеваат дека работниците од овие компании ќе можат да се вработат во поголемите текстилни конфекции.

НАЈГОЛЕМ ПРИТИСОК ОД ПОРАСТОТ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ ИМААТ ТРУДОИНТЕНЗИВНИТЕ ДЕЈНОСТИ. МИСЛАМ ДЕКА ПАЗАРОТ ЌЕ УСПЕЕ ДА ГИ ПРИФАТИ ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЕВЕНТУАЛНИТЕ ЗАТВОРАЊА НА ОВИЕ ПОМАЛИ КОМПАНИИ, КОИ НЕ РАБОТАТ ДИРЕКТНО СО КЛИЕНТИ, ТУКУ ЗЕМААТ РАБОТА ПРЕКУ ВТОРА-ТРЕТА РАКА И ОТИ ОВИЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ СЕ ВРАБОТАТ ВО ОНИЕ КОНФЕКЦИИ ШТО ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ ПОГОЛЕМА ПРОДУКТИВНОСТ, ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА И ПОЧИТУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА, РЕЧЕ ВЧЕРА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА РАБОТОДАВАЧИ АНГЕЛ ДИМИТРОВ.

За Владата, со зголемувањето на минималната плата не се прави притисок врз компаниите, туку им се гарантира платата на најзагрозените категории вработени кои немаат алтернатива во делот на мобилноста поради својата возраст или други причини.

Како опција на располагање на компаниите што не ќе можат да ја исплатат загарантираната минимална плата им стои и Законот за субвенционирање плати, кој е во собраниска процедура и кој се очекува да стапи во сила во ноември.

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА Е ЗАГАРАНТИРАНА КАКО 14.500 ДЕНАРИ И ТАА СТАРТУВА ОД ДЕКЕМВРИ. МЕРКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПЛАТИТЕ СЕ ОДНЕСУВА НА ПОКАЧУВАЊЕ ОД МИНИМУМ 600 ДО МАКСИУМ 6.000 ДЕНАРИ И ДРЖАВАТА ГО ПОКРИВА ПРИДОНЕСОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО. АКО ПОКАЧАТ 2.000 ДЕНАРИ ВО НОЕМВРИ СО ИСПЛАТА ВО ДЕКЕМВРИ, ТОГАШ ТИЕ ЈА ПОКАЧИЛЕ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА И ЌЕ ГИ ИСКОРИСТАТ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТАТА. ЗНАЧИ МЕРКИТЕ СЕ КОМПЛЕМЕНТАРНИ ЕДНА НА ДРУГА, НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА СИТЕ ЌЕ ЈА ПОКАЧАТ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА КОРИСТЕЈЌИ СУБВЕНЦИЈА. НЕКОЈ ЌЕ ЈА ПОКАЧИ СО СУБВЕНЦИЈА, НЕКОЈ БЕЗ СУБВЕНЦИЈА, НО ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ ДАВАМЕ ОПЦИЈА БИЗНИС-СЕКТОРОТ КОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО ИЗДРЖИ ОВА ПОКАЧУВАЊЕ, ДА МОЖЕ ДА ЈА ИСКОРИСТИ МЕРКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ, ПОЈАСНИ ВЧЕРА МИНИСТЕРКАТА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА МИЛА ЦАРОВСКА.

За покачувањето на минималната плата вчера се изјаснија и синдикатите, според кои, сумата не е занемарлива, но сметаат дека треба да има и сразмерно зголемување на останатите плати во државата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...