9.6 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридОХРИДСКИОТ ЧИНАР ПРОГЛАСЕН ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ

ОХРИДСКИОТ ЧИНАР ПРОГЛАСЕН ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ

spot_imgspot_img

Со одлука на Министерството за животна средина потпишана од министерот Насер Нуредини, единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоциран во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“, инаку дел од долгата историја на Градот, но и препознатлив дел од неговата туристичка понуда е прогласено за природна реткост.Резултат со слика за ОХРИДСКИ ЦИНАР

Називот на природната реткост е „Чинар – Охрид“. Решението доаѓа по претходно изработениот елаборат за валоризација, санација и ревитализација на чинарот (Platanus orientalis) на плоштадот „Чинар“ од страна на Општина Охрид и Одлуката на Советот на општина Охрид за потребата од прогласување на стариот чинар за природна реткост.

Општина Охрид, односно Одделението за заштита и влијание врз животната средина има доставено комплетна документација до Министерството за животна средина и просторно планирање со барање за правна заштита, согласно Законот за заштита на природата, на уште шест чинари (Platanus orientalis) и еден кочеџик (Celtis Australis), кои се наоѓаат на територијата на општина Охрид.

Очекуваме Министерството за животна средина во најкраток рок позитивно да се произнесе и по однос на ова барање, велат од Општина Охрид.

извор:www.ohrid.gov.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...