1.9 C
Ohrid
вторник, ноември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицајци со приватни возила поминале 959 пати без да платат на патарина...

Полицајци со приватни возила поминале 959 пати без да платат на патарина !!!!

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против 18 службени лица, од кои 12 се полициски службеници – припадници на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, додека останатите шест се вработени како службени лица на наплатна рампа Романовце при Јавното претпријатие за Државни патишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.

МВР денеска соопшти дека по преземени мерки било констатирано дека шест службени лица од патарината Романовце, со претходно изготвен список на регистарски таблички на приватни возила, им овозможиле на 12 полициски службеници премин без да се изврши наплата 959 пати во периодот од 01 јануари 2024 година до 15 август 2024 година, односно ја искористиле својата службена положба на полициски службеници и прибавиле материјална корист со неплаќање билет за премин на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово – Миладиновци и обратно со своите приватни возила.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претседателот Бајден помилува две мисирки со бели пердуви !!

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден помилува две мисирки со бели пердуви, Пич и Блосом, да не завршат на трпеза за Денот на...

Арсовска: Не размислувам за повторна кандидатура, не сакам да работам со луѓе кои саботираат

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, изјави дека не размислува за повторна кандидатура за градоначалник, по прашањето на новинарите за нејзините планови по промоцијата на...

Митрополитот Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошкиот манастир во Охрид

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна...

61-годишната мајка која го роди Петар по 37 години желба за бебе

Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави пред новинарите директорката на...