7.9 C
Ohrid
петок, април 18, 2025
ПочетнаМакедонијаПресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

<

На 09.11.2024 во 23.50 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, откако му бил одбиен влез во државата, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Д.С.А.Д.(34) од Бразил, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес над бразилскиот државјанин од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“ во соодејство со Царинска управа, при што е употребено и службено куче од мобилен тим од Царинската управа, во еден од двата куфера на Д.С.А.Д. биле пронајдени два килограма кокаин. Извршен е службен разговор со Д.С.А.Д., кој признал дека бил ангажиран од македонски државјанин за надомест од 5000 евра да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје.
Врз основа на прибрани сознанија за лица инволвирани во транспортот на дрогата, во содејство со СВР Охрид, по претходно издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во Охрид кај браќата Ќ.Н.(36) и Х.Н. (28), кои по претресот се лишени од слобода. Исто така, од страна на полициски службеници од ОВР Струга се извршени претреси на две локации, кај С.К. (36), за кого е распишан и распис за приведување. Од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на два килограми кокаин.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Одјек од Вевчани- Млади момчиња ја негуваат традицијата со зурли и тапани.

ИНТЕРВЈУ СО ГРУПАТА „ВЕВЧАНСКИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ“ 1. Како започна вашата приказна како музичка група? Нашата љубов кон традиционалната музика е нешто што го носиме уште...

Се стравува за уште двајца пациенти од пожарот во Кочани.

Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба,...

Стојанче Стефанов е 62-тата жртва од пожарот во Кочани.

Согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 1998 година. Станува збор за...

Дискотеката „Пулс“ ја зема 62 жртва- Почина 24 годишно момче.

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани,...