0.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаОхрид ќе потроши 22 000 евра, Струга 40 000 евра за новогодишна...

Охрид ќе потроши 22 000 евра, Струга 40 000 евра за новогодишна декорација

spot_img

Во време на криза и инфлација локалните власти ќе го одврзат ќесето за новогодишни луксузирања. Од Општина Охрид за Алсат велат дека новогодишното украсување на градот ќе започне деновиве и е предвидено да заврши до 8-ми декември. За декорирањето на Охрид, локалната власт ќе потроши 1 милион и 400 илјади денари.
Локалната власт најавува интересна и привлечна новогодишна програма со богата содржина за децата, младите и возрасните. Истата е предвидено да се реализира во деновите пред и по дочекот на Новата Година, се до 14 јануари. Предвидена е богата програма со познати естрадни уметници кои ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата Година на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, велат од Општина Охрид.

Струга за Нова година вкупно ќе потроши 2.490.000 денари.Само за украсување на градот, Општината ќе потроши 2 милиони денари, односно повеќе од 30 илајди евра. Во програмата која ја усвои Советот предввидени се и дополнителни трошоци.

„За декорација на градот 2.000.000. Средствата да се префрлат на ЈП „Комунално“ Стрyга, по претходно доставена фактура. За Дедо мраз и маршутата, да се обезбедат, 40 килограми бомбони и украсни новогодини реквизити. За.Дедо мраз, реквизити и бонбони, 15.000 денари“, стои на Програма за пречек на Новата 2025 година.

Во Струга нема да има организиран дочек на Нова година, но затоа на 30 декември, ќе има забава за деца и прошетка на Дедо мраз низ улиците на градот, како и концерт со локални бендови. Ќе се потрошат и 45.000 денари, за првите три новороденчиња, на кои ќе им доделат штедни книши од по 15.000 денари, 10.000 денари за најубаво украсена куќа, 300.000 денари за новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, деца со попреченост и за децата на вработените во општинската администрација. А иако доаѓа Нова година,во двата града не се чуствува новогодишна атмосфера. Граѓаните сметаат дека Охрид и Струга треба да бидат украсени многу порано.

Треба да биде украсено според тоа како е во големите метрополи во Европа и Америка.Треба тоа да се направи порано и побрзо, и во другите градови во Македонија, а не само во Охрид и Струга“, рече еден жител.

„Нема атмосфера.Јас Охрид многу го сакам и вака ми изгледа чисто и средено, но фали тој момент да се чуствува таа новогодишна атмосфера. Сметате ли дека треба да е украсувањето поразлично секоја година?Не треба толку да се вложува во нешто со оглед дека знаеме каква е нашата држава.Тоа би било минималистичко нешто, ако ништо друго самите дуќани треба да помогнат во таа цел, за да делува украсено, но не треба толку да се финансира во тоа“, рече една жителка.

Од туристичките агенции велат дека во Охрид се бара кревет повеќе и оти речиси сите сместувачки капацитети веќе се целосно исполнети. Во Струга одлична исполнетост бележат хотелските објекти./Алсат.мк

Мики Трајковски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...