6.9 C
Ohrid
петок, јануари 3, 2025
ПочетнаМакедонијаБожјо чудо пред Велигден во црквата Свети Ѓорѓија Победоносец

Божјо чудо пред Велигден во црквата Свети Ѓорѓија Победоносец

spot_img

Мироточивата икона во црквата “Свети Ѓорѓија Победоносец” почна да прави чуда!

Ова го потврдуваат членовите на црковниот одбор и старешината на храмот, отец Бобан Богдановски кои раскажуваат дека благодатот од молитвите пред иконата ја почувствувала една повозрасна скопјанка, на која, по цели десет години и исчезнале болките во нозете.

– Можеби звучи неверојатно, но една верничка која слушнала за мироточењето на иконата во нашата црква, дојде, се помоли пред иконата, потоа ме праша дали имаме крстена вода. Јас и го покажав садот, си пушти од водата и ме праша: отец, водата е газирана!? Јас и одговорив дека само е светена вода и толку…Но, истата верничка, следниот ден повторно дојде во нашата црква, се заблагодари пред иконата и ме прегрна мене и одборниците. Рече: „Оче, верувале или не, болката во нозете која ја имам цела деценија и која ми го отежнуваше движењето, ми помина”. И еве оттогаш има повеќе од две недели, неколку пати доаѓа, раскажува отец Бобан.Related image

Тој, веднаш потоа појаснува дека Бог, всушност, го дарува чудото за да не направи силни во верата.

– Чудото, за оној кој верува не е толку потребно. Чудата кои Бог на директен или индиректен начин секојдневно ни ги праќа, служат за нас кои веруваме уште повеќе да ја засилиме верата во него, тие се духовна радост. И за оние кои се скептични и се сомневаат, што за жал е дел од човековата природа која живее без Бога, ваквите чуда се доказ дека Бог навистина постои. Сами гледате какви коментари има на социјалните мрежи, вели нашиот домаќин.

– Традиционално, секоја среда пред Велигден доаѓаат вернички од селото и околината и пред големиот празник генерално чистат. Голема радост ни е веста дека за Ѓурѓовден ќе не посети и неговото блаженство, македонскиот архиепископ, г.г. Стефан, вели Ристо Сетинов, член на црковниот одбор. Со радост ни раскажа дека пресвета Богородица со мироточењето им донела голем број верници во црквата и тоа не само од околината на Скопје туку од цела Македонија, па дури и од соседна Србија.

На иконата се уште има траги од мирото, а ако се допре со челото, навистина има специфичен мирис.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заменик директорот на Македонија пат негира дека ја застрелал мечката- Ја нашол усмртена од сообраќајка?

Денеска од Анима Мунди обвинија дека заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, застрелал мечка која со закон е целосно забранета за лов, но...

Во Швајцарија стапи на сила забрaната за носење бурка, казна од 1.064 евра за прекршување

Во Швајцарија од вчера стапи на сила законот за забрана за покривање на лицето на јавни места, познат како „забрана за бурка“, а неговото...

„Анима Мунди“: Заменик-директорот на „Македонија пат“ се фотографира со мечка што ја застрелал

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, објави фотографии од заменик-директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо...

Нашата Бојана Танеска Боеска за која се сплоти цела Македонија за жал ја загуби битката со подмолната болест.

Нашата Бојана Танеска Боеска, охриѓанката за која периодов наназад, граѓаните на Охрид, но и целата држава и светот донираа и организираа бројни акции за...