Арнолд Шварценегер им порача на своите фанови дека е добро откако физички беше нападнат на еден настан во Јужна Африка.
Седумдесет и едногодишниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија разговараше со фановите за време на спортската манифестација „Арнолд класик Африка“, кога со летечки удар со нога беше удрен во грбот.
„Нема за што да се грижите. Помислив дека само некој ме бутнал во гужвата, што често се случува. Сфатив дека ме удриле дури откако го видов видеото како и повеќето од вас. Мило ми е што некој идиот не го прекина мојот Снепчет“, напиша Шварценегер на Твитер.
Тој не беше соборен на земја од ударот, а напаѓачот брзо беше совладан и отстранет од обезбедувањето.