20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаОвој човек заслужува доживотен мандат: Градоначалникот Ногачески обезбеди нова механизација во рамките...

Овој човек заслужува доживотен мандат: Градоначалникот Ногачески обезбеди нова механизација во рамките на проектот “Подобрување на општинските услуги”, имплементиран од Светска Банка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес во продажниот салон на “Синпекс”, во Битола градоначалникот Ногачески. присуствуваше на свечениот настан, чинот на потпишувањето на договорот со кој на општина Дебрца и се отстапува на трајно користење универзален ровокопач, со придружна опрема ( хидрауличен чекан и даска за снег ) марка Hidromec.

<

Механизацијата е обезбедена во рамките на Проектот: “Подобрување на општинските услуги”, имплементиран од Светска Банка и Министерство за финансии, а со средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ ( ИПА ). На настанот свое обраќање имаа Д-р. Драган Тевдовски, Министер за финансии и Никола Бертолини, раководител во Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ. Согласно Проектот, механизацијата покрај општина Дебрца, како апликант ќе можат да ја користат и партнерските општини Струга и Вевчани.

Со добивањето на механизацијата ќе се зголемат капацитетите на општините за подигнување на квалитетот на општинските услуги. Општина Дебрца во изминатава година и пол имплементира неколку проекти со средства на ЕУ, со кои се подобрија условите во руралната инфраструктура или во испораката на општинските услуги. И во наредниот период продолжуваме со реализација на неколку проекти, за кои средствата се обезбедени од фондовите на ЕУ, за што во оваа прилика изразувам голема благодарност до Делегација на ЕУ. – изјави градоначалникот Зоран Ногачески по потпишувањето на договорите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...