5.4 C
Ohrid
петок, јануари 3, 2025
ПочетнаМакедонијаМизерни услови во таканаречената мртовечница во болницата Свети Еразмо во Охрид.

Мизерни услови во таканаречената мртовечница во болницата Свети Еразмо во Охрид.

spot_img

Ова е таканаречената мртовечница во болницата Свети Еразмо во Охрид. Погледнете ги само условите, хигиената и сместувањето на телото на починатиот пациент. Ова е чист пример за тоа колку трула, скапана и ужасна држава сме и во која состојба ни е нефункционалното и ужасното здравство.
На видеото и на сликите е телото на мојата мајка која почина после само 38 часа од префрлањето во “специјализираната” болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид, која ми изгледаше по се како воопшто не специјализирана и ме потсетуваше како болница од некое село заглавена во 70тите. Мојата мајка Љубица Мишева Јованоска доживеа мозочен удар на 6ти мај оваа година и беа изведени две операции на мозок во државна болница во Скопје на клиниката за неврохирургија, после два месеца беше префрлена во пародијата од болница во Кавадарци, од каде беше бркана две недели додека претстојуваше таму и цело време бевме во конфликт со мороните од доктори и сестри од нервно да сме ја носеле дома или во дом не приморуваа, за на крај едвај да биде примена во Свети Еразмо – примањето беше припратено со половина час ужасна галама, одбивност, ароганција од неколку од сестри, еден кловн доктор (Јоне Мицевски) и сето тоа пред очите на мојата мајка која беше свесна, во тешка состобја и чекаше околу три часа во ходникот на болницата за на крај да биде примена на оделение. Од кога беше примена мојата мајка на одделение во Свети Еразмо, почина после само 38 часа што ме наведува да мислам дека се ослободиле од неа. Од кога ме известија телефонски дека починала и кога дојдов не добив подетален одговор кои се причините за смртта освен што секој еден што го прашав ми рече ТЕЖОК СЛУЧАЈ БЕШЕ, што пак ме наведува дека се ослободиле од неа или дека направиле грешка со терапијата.
Еве до кој степен ни е стигнато нефункционалното и ужасно здравство.
Сакам да им се заблагодарам на доктор Роберт Шумковски и неговиот тим од клиниката за неврохирургија на државна болница во Скопје и анестезиолозите Васко Демјански и Александар Димитровски кои ја водеа мојата мајка додека претстојуваше во пародијата од болница во Кавадарци, кои ги праќаат од Скопје бидејќи во Кавадарци немаат анестезиолог. Луѓето се врвни професионалци и големи стручњаци во својата област.
Сите знаеме колку ни е труло и неефикасно здравството, не би му посакал на никој да го осети на своја кожа.
ЈАС ЌЕ ЈА ИСКОРИСТАМ СЕКОЈА ПРИЛИКА И МОЖНОСТ ЗА ДА ЈА НАПУШТАМ ОВАА ПАРОДИЈА ОД ДРЖАВА! 

Објави на својот профил

Ivica Jovanoski

Фотографија на Ivica Jovanoski.

Gepostet von Ivica Jovanoski am Freitag, 26. Juli 2019

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заменик директорот на Македонија пат негира дека ја застрелал мечката- Ја нашол усмртена од сообраќајка?

Денеска од Анима Мунди обвинија дека заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, застрелал мечка која со закон е целосно забранета за лов, но...

Во Швајцарија стапи на сила забрaната за носење бурка, казна од 1.064 евра за прекршување

Во Швајцарија од вчера стапи на сила законот за забрана за покривање на лицето на јавни места, познат како „забрана за бурка“, а неговото...

„Анима Мунди“: Заменик-директорот на „Македонија пат“ се фотографира со мечка што ја застрелал

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, објави фотографии од заменик-директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо...

Нашата Бојана Танеска Боеска за која се сплоти цела Македонија за жал ја загуби битката со подмолната болест.

Нашата Бојана Танеска Боеска, охриѓанката за која периодов наназад, граѓаните на Охрид, но и целата држава и светот донираа и организираа бројни акции за...