4 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаАвстралијаОвој салон за масажа го шокираше целиот свет: На клиент му бил...

Овој салон за масажа го шокираше целиот свет: На клиент му бил понуден секс како лек за грбот

Мажот кој бил на масажа побарал да му го измасираат грбот поради болки, а потоа една од вработените го прашала “дали сака уште некоја друга услуга“.

На сопствениците на салонот за масажи во Мелбурн даден им е налог за затворање на салонот откако било утврдено дека истиот работи како бордел бидејќи на клиентот му бил понуден секс како лек за неговите болки.

Сопственичката Тифани Џаен во вторникот пред судот негирала поврзаност на салонот со бордел велејќи дека во нејзиниот салон работат само професионални физиотерапевтки.

Меѓутоа судијата Џејд Бот го одбил нејзиното барање за продолжување на работа на салонот повикувајќи се на доказите кои се спротивни од нејзините искази.

Сè започнало кога некој од клиентите ја замолил физиотерапевтката да му го измасира грбот, а потоа го прашала дали сака некоја дополнителна услуга.

Најпрво, по тој исказ на физиотерапевтката тој мислел дека таа му нуди сауна или спа за потоа директно да го праша дали сака сексуални услуги. Тој не го прифатил тоа и набрзо потоа ја известил полицијата.

Неименуваниот маж на суд изјавил дека пред да му бидат понудени сексуални услуги во салонот го дочекала оскудно облечена жена со длабоко деколте.

Полицијата на суд ги претставила и огласите од овој салон на кои се прикажани фотографии од оскудно облечени жени како и дополнителен текст: „Ви ветуваме добра забава“.

Сопственичката на салонот изјавила дека таму во последните неколку години работеле речиси 100 жени и дека ниту една од нив не понудила никакви дополнителни услуги, а особено не сексуални.

Судијата го одбил тврдењето на сопственичката.

„Се сомневам и во тоа дека некоја од нејзините вработени ги имала потребните квалификации за таа работа. Ги прифаќам доказите на мажот и неговите тврдења. Врз основа на сето тоа можеме да заклучиме дека во тие простории се вршеле услуги како во бордел“ – изјавил судијата Бот.

izvor tocka.mk

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото на Вања тврди дека не се познава ниту со Палчо, ниту со другите тројца осомничени

Притворениците и затворениците од Шутка се згрозени од двојното убиство. Тројца од четворицата осомничени кои се во истиот затвор, признаа вина. Тие пред обвинител...

Исчезнатата 22-годишна девојка се вратила во домот !!!

МВР попладнево соопшти дека се вратила дома девојката (22) која беше пријавена дека се одалечила од домот.

Од МВР демантираат: Скопјанецот не напаѓал случајни минувачи, го нападал неговиот познаник !!

ДЕМАНТ: СВР Скопје го расчисти инцидентот во врска со споделено видео по портали за маж кој наводно агресивно се однесувал кон случајни минувачи -...

Се трага по 22-годишна девојка, таткото пријавил во полиција дека ја нема.

Денеска (09.12.2023) во 04.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.М.(53) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Т.М.(22) од Скопје. Се преземаат...