3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарија ни постави уште еден услов: Доколку се откажете од македонското малцинство...

Бугарија ни постави уште еден услов: Доколку се откажете од македонското малцинство ние ќе ви помогнеме

spot_img

Бугарската влада ја усвои одлуката со која се поддржува Македонија да добие датум за преговори со ЕУ, но и ги постави црвените линии за преговорите со Европската Унија кои се очекува да започнат од 2020.
Македонија треба да прифати дека не постои македонско малцинство во Бугарија, да го промени учебниот материјал по географија и историја и да се реши прашањето за Гоце Делчев и останатите револуционери од илинденскиот период во најкраток рок.

“Исто така, треба да почне процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунистички режим, репресирани поради бугарското самосознание. Треба да ги отстрани и натписите на споменици, плакети и на згради, кои шират отворена омраза кон Бугарија”, се вели во документот кој излезе вп јавност.

Во однос на јазикот, се бара да се користи фразата „Официјален јазик на Република Северна Македонија“, а при неопходна потреба од користење на терминот „Македонски јазик“ во документи и позиции на Европската Унија со фуснота секогаш да се појаснува „Согласно уставот на Република Северна Македонија“.

„Ниту еден документ/изјава во процесот на зачленување во ЕУ не може да се смета како признавање од бугарска страна на постоењето на таканаречениот „македонски јазик“ одвоен од бугарскиот“ пишува во документ, кој денеска го усвои бугарската влада.

Бугарија позитивно се изјасни и за старт на преговорите на ЕУ со Албанија, бидејќи смета оти раздвојувањето на Скопје и на Тирана, како што предлага Германија, би било грешка и може да доведе до нестабилност во регионот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...