-2 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМакрон: Го молевме Заев да ги спроведе реформите а тој не игнорираше

Макрон: Го молевме Заев да ги спроведе реформите а тој не игнорираше

spot_img

Францускиот амбасадор во Скопје Кристијан Тимоние денеска на прес-конференција се обиде да ја разјасни позицијата на неговата земја по ветото на Самитот во Брисел за Северна Македонија и Албанија
Не избрзувајте со оценки дека сте модел и пример за регионот, порача денеска на прес-конференција во Скопје, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. Како што најави на почетокот, Тимоние планираше да одговори на сите прашања и да ги разјасни позициите на Франција во однос на проширувањето.
Тој ги отфрли тврдењата дека францускиот претседател Емануел Макрон бил осамен во блокадата на почетокот на преговорите на Самитот.

Некои луѓе дадоа ветувања, а потоа ги префрлија на други да ги исполнат“, рече Тимоние. Тој објаснуваше дека во јавноста се создавал впечаток дека Преспанскиот договор ќе биде доволен за почеток на преговорите, но Франција поставувала и други услови кои биле игнорирани.

„Преспанскиот договор беше предуслов за да се расчисти патот, но потоа следуваа други услови. Тоа им беше пренесено и на нашите грчки и македонски соговорници. Таа перспектива беше загубена попат”, тврди Тимоние. Тој обвини дека во пресрет на самитот на ЕУ се правеле „маркетиншки трикови” за да се добие впечаток дека земјата ги исполнила сите задачи за да добие зелено светло за почеток на пристапните преговори.

„Не сум сигурен дека притисоците кои беа направени придонесоа да се направи напредок“, рече Тимоние.
Клучното очекување на Париз останува реформа на методологијата на процесот на преговори, но Тимоние не успеа да објасни што е точно идејата на Франција за реформа и дали воопшто постои конкретен предлог.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...