0.9 C
Ohrid
четврток, јануари 2, 2025
ПочетнаМакедонијаМладо момче од Мaкедонија без дланки , го трогна жирито на германски...

Младо момче од Мaкедонија без дланки , го трогна жирито на германски „Суперталент“

spot_img

Јозафат Раман, 17-годишен пијанист од Македонија без шаки и стапала, со својата
изведба на саундтракот за филмот „Реквием за сон“ го трогна жирито на
германското телевизиско шоу „Суперталент“ на РТЛ.
Сара Ломбарди низ солзи го проследи неговиот настап, а Дитер Болен вчудовиден
молчеше со фиксиран поглед врз кандидатот од Келн додека со неразвиените шаки
ги допираше клавишите на пијаното.
Раман, кој е роден и пораснал во Македонија, а веќе пет години живее во Германија,
се родил без шаки и стапала.
„Тоа е генетски дефект“, му објасни тој на жирито. „Немам целосни раце или прсти, а
исто така носам и протези на долниот дел од двете нозе“.
„Секогаш го правев тоа што го сакав. Сакам да покажам дека можете да направите
сè и покрај вашиот хендикеп. Сето тоа е прашање на волја. Треба само да вложите
многу работа и енергија“, додаде тој, откривајќи дека четири години свири пијано.
„Видов видео на Јутјуб и помислив: Би сакал да го сторам истото“, изјави момчето
со физички недостатоци, но со талент за музика.
Членката на жирито Ломбарди настапот на Раман ја потсети на тешкото време
поминато со синот Алесио, роден со срцева мана.
„Тој навистина крајно ме трогна, ме преплавија емоции“, рече таа, додавајќи дека
„луѓето родени на овој начин се вистински борци во животот“.
„Не мислев дека ќе биде можно со овие раце“, призна нејзиниот колега од жирито
Болен. „Ми покажа дека ако сакате да постигнете нешто, можете да го сторите тоа“.
Раман доби „зелено светло“ од сите три члена на жирито. Тој тукушто ги положи
завршните испити за десетто одделение и сега сака да заврши средно училиште, а
потоа да учи за наставник по музика. Како што вели, музиката е неговиот голем сон
во животот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Швајцарија стапи на сила забрaната за носење бурка, казна од 1.064 евра за прекршување

Во Швајцарија од вчера стапи на сила законот за забрана за покривање на лицето на јавни места, познат како „забрана за бурка“, а неговото...

„Анима Мунди“: Заменик-директорот на „Македонија пат“ се фотографира со мечка што ја застрелал

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, објави фотографии од заменик-директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо...

Нашата Бојана Танеска Боеска за која се сплоти цела Македонија за жал ја загуби битката со подмолната болест.

Нашата Бојана Танеска Боеска, охриѓанката за која периодов наназад, граѓаните на Охрид, но и целата држава и светот донираа и организираа бројни акции за...

Убиецот Ацо Мартиновиќ кој изврши масакар во Цетиње е мртов

Осомничениот за убоствата во Цетиње, Ацо Мартиновиќ, починал откако се самоубил, неофицијално дознава „Вијести“ од повеќе извори. Според истите информации, тешко ранетиот Мартиновиќ бил пронајден...