2.8 C
Ohrid
понеделник, декември 11, 2023
ПочетнаМакедонијаЗекири - Блерим Беџети е наркоман???

Зекири – Блерим Беџети е наркоман???

Потпретседателот на СДСД Мухамед Зекири Бар тест за утврдување на користење на наркотици за градоначалникот на Сарај Блерим Беџети.

Зекири тврди дека многу пријатели на Беџети тврдат дека тој е нарко корисник.

Барањето на Зекири доаѓа откако вчера тој одби да се појави на дебата во ТВ 22 каде Беџети го обвини дека со возило што го користи се шверцуваат мигранти.

“Доколку би докажал само една од серијата клевети што ги искажал на моја адреса градоначалникот на Сарај и поранешен министер за правда Блерим Беџети во неговото синоќешно (25.11.2019) гостување на ТВ21, јас Мухамед Зеќири јавно изјавувам дека ќе се повлечам од политичкиот живот и подготвен сум да сносам целосна морална и кривична одговорност!!!
Притоа нема да се повикувам на мојот имунитет кој го уживам како пратеник!!!
Неговите тврдења за моја наводна инволвираност во трговија со мигранти и други изнесени невистини и клевети ќе мора да ги докажува на суд, па макар предметот се паднал кај некој од судиите кои се именувани, или произлегле од тефтерчето на Гордана, Сашо Мијалков, Муса Џафери и лично од Блерим Беџети.
Неслучајно одлучив да не учествувам на синоќешната дебата бидејќи не сакав да легитимирам ниски напади и моето достоинство и ниво не ми дозволуваат да седнам во студио со личност како Блерим Беџети, кого пошироката јавност во земјава многу добро го памети по неговите (не)дела во времето кога беше министер за правда – да не зборувам за неговите морални вредности и однесување додека беше министер, за што постојат непобитни докази.

На крај повторно ќе Ви ги цитирам трите мудри мисли што ги нашишав и при моето образложение зошто решив да не учествувам на дебатата со Блерим Беџети.

Првата е од имамот Али: “Си изгубил уште во моментот кога ќе се обидеш да се докажуваш со игнорантна будала.”
Втората: “Никогаш не дебатирај со будали затоа што гледачите нема да може да разликуваат кој е кој.”
И за крај мислата од Марк Твен: “Никогаш не дебатирај со будали бидејќи ќе те спуштат на нивното ниво и ќе те победат со своето искуство.”

П.С: Го предизвикувам истовремено да се подложиме на нарко-тест и резултатите јавно да ги објавиме, бидејќи многумина негови познаници тврдат дека е нарко-зависник. Ако тоа се потврди, ќе размислам да му простам на суд оти ќе сметам дека не знаел што зборува и дека можеби бил под дејство на наркотици”, вели во врска со Беџети Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Телма на местото на злосторството – За првпат објавено местото каде Вања била закопана

Јавноста се уште не се смирува со реакции по смрта на Вања и Панче кои претходно беа киднапирани. За првпат Телма ТВ успеа да дојде...

Јован Митрески,новиот претседател на Сообрание?

Извори од вледејачката СДСМ брифираат дека претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ. Неофицијално се дознава дека на...

Вмро Дпмне веднаш го разреши претседателот на месниот комитет во Охридско, откако истит бил фатен од страна на полициските службеници како конзумира дрога.

Лицето А.Т по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет во Охридско соопштуваат од...

ЗАГИНА ЛОВЏИЈА ВО КИЧЕВСКО, по грешка застрелан со два истрели

Ловџија од кичевско денеска го загуби животот на лов, откако денеска околу 15 часот бил застрелан од друг ловџија во селото Бигор Доленци, дознава...