20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаБоки 13 до Камчева: Jас немам добиено никаков поклон од вас- Русковска...

Боки 13 до Камчева: Jас немам добиено никаков поклон од вас- Русковска зарем 1.5 милиони евра е мал поклон?

Првообвинетиот Бојан Јовановски денеска во судницата и поставуваше дирекни прашања на сопругата на бизнисменот Орце Камчев, која беше во својство на сведок за случајот Рекет.
„Дали се сеќавате што ми зборувавте при нашите средби за сопругот Орце Камчев, за неговата мајка и сестрата?“, праша Боки 13, но судијката Васка Николовска-Масевска кажа дека прашањето е ирелевантно, бидејќи други лица се обвинети.

„Ако се обвинети други, зошто тогаш се спомнува Васил Димишков, ни тој не е обвинет?“, потпраша Боки 13, но ниту тоа прашање не беше дозволено. „Колку средби сте имале со мене во 1ТВ?“, ја праша Боки 13 Ана Камчева.

„Многу“, одговори таа.

Па нели рековте две или три?“, праша Боки 13.

„Реков две или три на кои ги договаравме условите за парите“, кажа Камчева.

Потоа Боки 13 побара од неа да ги опише нивните средби.

„Не се сеќавам за други разговори. Се сеќавам на канцеларијата како изгледаше и на разговорите за кривично-правниот настан“, одговори сведокот.

„Дали сметате дека сите чекори ги правевте по наредба на лицето Зоран Милески?“, продолжи да ја прашува Боки 13 сведокот Камчева во директно испрашување. „Дали госпоѓо Камчева ги следевте сите напатствија од Милески?“

„Да“, одговори Камчева.

„Дали сум добил подароци од вас и какви?“, праша Боки 13.

Русковска приговараше: „Милион и пол евра добил поклон, зарем треба уште?“

Целиот текст може да го прочитате на сдк.мк

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...