28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаАвстралијаАпокалипса- Густ чад го прекрил цел Сиднеј: Не може да се дише,...

Апокалипса- Густ чад го прекрил цел Сиднеј: Не може да се дише, чадот се вовлекува во зградите, не престануваат да свират противпожарните аларми

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Густ чад од големите австралиски пожари се надвил над Сиднеј и се вовлекол во зградите па насекаде се огласувале противпожарните аларми, а поради слабата видливост бил сопрен и траектниот сообраќај.

<

60 километри долгиот огнен фронт ги уништува подрачјата со сува и запалива вегетација северозападно од Синдеј, најголемиот австралиски град, и шири опасен чад ширум источниот брег. Маглата од пожарите дошле дури и до Нов Зеланд.

“Овој чад кој го имаме околу еден месец е без преседан и тие услови се опасни по здравјето на луѓето”, рекол Ричард Брум, службеник на владата во Нов Јужен Велс задолжен за здравјето на околината.

Брум рекол дека многу луѓе би можеле да ги имаат симптомите на иритација на слузницата на грлото, носот и очите, а во ризичната група се оние кои имаат здравствени проблеми, малите деца и постарите лица.

Индексот на квалитетот на воздухот во Сиднеј во некои делови на градот бил 11 пати поголем од прагот кој се смета за опасен.

Шумските пожари веќе повеќе од две недели со чад и пепел го прекриваат градот во кој живеат повеќе од 5 милиони луѓе.

Поради маглата небото е портокалово во текот на денот, видливоста е намалена и многу луѓе носат маски.Иако не е издадена официјална наредба за евакуација, многу жители во загрозените подрачја одлучиле да ги напуштат своите домови.

Повеќе од стотина пожари горат во источните држави – Нов Јужен Велс, Викторија и Квинсленд.

Најмалку четири лица загинале во пожарите и уништени биле повеќе од 680 домови, а запалено подрачје од милиони хектари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...