2.9 C
Ohrid
среда, февруари 5, 2025
ПочетнаСветВИДЕО: Градоначалникот се маскирал во инвалид за да види како се однесуваат...

ВИДЕО: Градоначалникот се маскирал во инвалид за да види како се однесуваат социјалните работници, останал шокиран

spot_img

Како дел од еден необичен социјален експеримент, еден мексикански градоначалник се маскирал во лице со посебни потреби, со цел да го тестира односот на локалните јавни службеници од прва рака.

<

Откако добил бројни жалби од лица со посебни потреби и други социјално ранливи категории за третманот на социјалните работници кон нив, Карлос Тена, градоначалникот на Куахтемок, град во мексиканската држава Чихуана, не знаел кому да му верува, на наводните жртви или неговите соработници.

Така смислил план за да го испита однесувањето на локалните социјални работници. Тена два месеци подготвувал убедлива маска, а потоа ги посетил јавните службеници во канцеларијата на градоначалникот и социјалната служба и се претставил како лице со посебни потреби, кое има потреба од помош.

Носел дебел џемпер, кој делумно му го покривал лицето, и сива шапка, црни очила за сонце и завој преку левото уво, а за да лажира повреда и да избегне да го признаат, во Управата за социјален развој побарал помош дојден во инвалидска количка. Тој побарал бесплатен оброк, на кој лицата со хендикеп и сиромашните граѓани имаат право според законот, но го игнорирале, па дури и дискриминирале.

По лошото искуство, Тена ја посетил својата канцеларија, барајќи да разговара со градоначалникот, но му рекле дека не е таму. Кога побарал да разговара со секретарот на градскиот совет, му било грубо кажано да чека во ходникот, бидејќи државниот службеник нема да дојде уште еден час и половина. Во тој момент, Тена сфатил дека приговорите што ги добивал биле оправдани и излегол од инвалидската количка и ја тргнал маската, оставајќи ги вработените во Градското собрание во шок.

„Целта на овој експеримент беше да се покаже реалноста со која граѓаните секојдневно се соочуваат, незаинтересираноста и занемарувањето од јавните службеници со кои се соочуваат”, им изјави градоначалникот на Куахтемок на локалните новинари.

„Решив да го сторам тоа затоа што не знаев на кого да му верувам, на граѓани или на моите соработници”.

Мексиканскиот весник „Ел Векеро“ наведува дека Тена одамна е познат по борбата за еднаков третман на социјално загрозените лица, помагајќи им секогаш кога е во негова моќ.

публист

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Болката од ден за ден поголема:Фросе била прегазена заедно со нејзиното куче Аја

Македонија Солзи и болка: Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја кое било пронајдено под автомобилот на Васил Автор: Деск 4NEWS.MK 05/02/2025 09:36 Здружението за заштита на животните...

Семејни врски: Сопругот на судијката Алексовска Стојановска цели пет години работел со мајката на Васил Јованов

HomeМакедонијаВести Семејни врски: Сопругот на судијката Алексовска Стојановска цели пет години работел со мајката на Васил Јованов Матеја Петровскифевруари 4, 2025 Семејствата на сега притворениот Васил Јованов,...

Затворската полиција му пиша на Пандов: Дали знаете дека има постојани закани кон затворска полиција?

Синдикатот на затворската полиција и администрација при Независниот синдикат на државната администрација денеска упати отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции, Александар...

Таткото на Фросина: Откако ја согазил ќерка ми, Васил колата ја паркирал пред нашата зграда

Во вечерашното гостување на Телевизија Сител, таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков на прашање дали 20-годишниот Васил бил на местото на несреќата,...