10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаСтанарите на зградите во Сопиште сами си го чистат патот од снег,...

Станарите на зградите во Сопиште сами си го чистат патот од снег, градоначалникот им понуди “донација” од сол

spot_img

Станарите од 60 станови од комплексот згради “City View Condominium” во Сопиште вечерва се завеани во снег. Единствениот пат кој води до зградите е затрупан во снег, а поради угорнината не е безбедно да се вози.

<

Тие вечерва се организираа и во моментот сами го чистат патот. Си купиле и сол, за утре да можат да стигнат до своите работни места.

Станарите утринава го контактирале градоначалникот на Сопиште и побарале да се расчисти патот и да се фрли сол. Одговорот бил дека тоа е во план, но до вечерва нема ништо. Откако станарите се организираа сами со лопати на ветер од 70 км на час да го чистат патот, градоначалникот им понуди да земат од солта која стои во општинскиот двор.

Станарите со кои разговаравме велат дека е срамота во 21 век да не можат да ги напуштат своите домови, особено што во зградата живеат претежно млади брачни парови со бебиња и мали деца.

-Секој стан и плати на општината по најмалку 1.200 евра данок при купувањето на становите, а сега тие не можат да пуштат механизација да го исчисти снегот, вели една станарка.

Друг проблем со кои се сочуваат е што при посилен ветер снемува струја. Па така, денеска и вчера беа без струја по околу три часа.

Снегот во повисокиот дел на Сопишите почна да врне вчера во 23 часот и непрестано паѓа и вечерва.

К.С.

fokus

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...