16.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаОпштина Дебрца во времето на Вмро Дпмне трошела милионски суми, за календари,...

Општина Дебрца во времето на Вмро Дпмне трошела милионски суми, за календари, мобилни телефони, и.т.н

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца не можат да се помират со фактот дека не се повеќе на власт и упорно водат црни кампања против актуелниот градоначалник Зоран Ногачески. Тие денес го обвинија дека трошел непотребни финансиски средства, за реклама и високи телефонски сметки. Но доколку заборавија колку пари беа потрошени во нивното владеење, тука е градоначалникот Ногачески да ги потсети…

<

Во целост ви го објавуваме статусот на градоначалникот Зоран Ногачески:

Пак сте се јавиле. Ако.

Ама кога ќе објавувате податоци од завршна сметка, објавете ги споредбено , а не само тие што Вас Ви одговараат. Да, ветив дека ќе ги намалам трошоците за весници и списанија и тоа е сторено. Споредете ги податоците по години и ќе видите.

Во делот на објави и огласи ако не сте знаеле влегуваат и расходите за објави и огласи за урбанистички планови, издавање на недвижен имот на општината, огласи за јавни набавки во службен весник, а не како што импутирате објави по портали.

Ај, ќе се научите, а дотогаш еве по овие ставки како трошеше Вашиот градоначалник, па проценете дали има заштеда, дали 45.000, колку што сме потрошиле во 2018 година е помало или поголемо од 163.000 или од 198.000 или од 195.000.

Ова е само мал извадок на темата која ја покренавте, Вашиот градоначалник, Игор Трајкоски, само со две фактури, за огласи во “Дневник” и “Вечер” платил вкупно 162.526, оглас за именување на секретар, а кој по законот се именува без оглас.

Вашиот градоначалник секој месец набавувал по 750 ( читај: седумстотини и пеесет парчиња ) весник “Дневник”, за кои секој месец плаќал по 11.250.

Што правел со 750 парчиња весник “Дневник” месечно, прашајте го него !???

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

 

Ви реков не играјте на овој терен, лизгаво е или како што велеа старите “Ем шуто, ем боде “!

Ве поздравувам и со мал дел од останатите трошкови !!!!

2013
Списанија, весници ………………. 81.820
Објавување на огласи …………… 295.131
2014
Списанија, весници ………………. 163.339
Објавување на огласи …………… 198.847
2015
Списанија, весници ………………. 195.167
Објавување на огласи …………… 284.193
2016
Списанија, весници ………………. 160.370
Објавување на огласи …………… 255.761

П.С. Еден мој совет, не играјте на овој терен, многу е лизгаво за Вас, оти Вашиот градоначалник е рекордер по непродуктивни трошења, и Вас глата ќе Ве заболи кога ќе објавиме …..
И уште нешто, ниту сум “купувал”, ниту ќе “купувам” портали да ме фалат, слободно нека ме критикуваат, последниот и главниот збор го имаат граѓаните….

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Петар Богојески ќе предава на Воена академија

Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, денеска на социјалните мрежи објави дека...

Археолози открија автохтон натпис на сад при истражувања на локалитетот Градиште-Охрид.

При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“, во селото Младо Нагоричане, археолозите од НУ Музеј – Куманово открија две значајни наоди – најстар автохтон...

65 годишна жена од Австралија прегазена во Охрид.

На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски...

Скопјанецот ја тепал својата 4 годишна ќерка бидејќи се качила на креветот за да ги земе играчките !!!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против...