4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаШилегов и Шекеринска проверуваат до каде е изградбата на монтажната болница.

Шилегов и Шекеринска проверуваат до каде е изградбата на монтажната болница.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

радоначалникот на Скопје Петре Шилегов, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска извршија увид во градежните активности за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, информираат од Град Скопје.

<

Оттаму обајснуваат дека просторот, со одлична меѓуинституционална соработка бил расчистен во рекорден рок од страна на екипите на Град Скопје, Армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство.

-Со ослободување на просторот од околу 4.000 кавдратни метри создадена е можност за интервентен развој и дополнување на капацитетот на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Ослободената локација до инфективна клиника во моментов има огромна предност заради близината на сите капацитети на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, клучните Институти и самата Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, велат од Град Скопје.

Со оглед на состојбата со коронавирусот, Град Скопје го помага Министерството за здравство, со реализација на низа градежни и инфраструктруни активности во кругот на Клинички центар Мајка Тереза.

-Покрај активностите за расчистување и уредување на просторот до инфективна клиника, се прошири влезот во клиничкиот центар и се отвори траса за интервенти возила до ургентниот центар, како и посебен влез кон инфективната клиника, информираат од локалната самоуправа на главниот град.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...