31.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаВо овие тешки денови општина Дебрца доби 150 прехранбени пакети наменети за...

Во овие тешки денови општина Дебрца доби 150 прехранбени пакети наменети за помош на социјално ранливите категори.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО✅

<

Во време на кризи, каква што е актуелната светска пандемија од корона вирусот, секогаш најголеми херои се хуманите луѓе.

Денес, првиот човек на општина  Дебрца пријатно се изненадил од еден таков хуман човек, Александар Голабоски, кој потекнува од село Лешани, а живее и работи со своја градежна фирма во Швајцарија.Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Александар денес ја посетил општина Дебрца со донација на 150 социјални пакети, кои ги донираше на општина Дебрца, со намена да се распределат на социјално ранливи лица во општината и лица кои се потешко погодени од кризната состојба. Дополнително, распределил уште 60 социјални пакети во неговото родно Лешани и село Арбиново.Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Ни рече дека во овие тешки моменти, кои освен закана за здравјето, предизвикуваат и економски последици за граѓаните и државата, наша должност е да се однесуваме одговорно и во служба на јавниот интерес.

Со неговата донација сака да ги поттикне и останатите да ја препознаат иницијативата и да ја покажат својата хуманост на дело.

Во наредните денови мобилните тимови на општината помошта ќе ја споделат до оние на кои им е најпотребна, а општината од својот буџет ќе обезбеди дополнителни 150 социјални пакети.

Од името на граѓаните на Дебрца градоначалникот изразува голема благодарност и длабок поклон до Александар Голабоски за хуманиот гест, со кој покажа како треба да се биде општествено одговорен и солидарен кон оние на кои тоа им е најпотребно.

И исто така апелира до сите, да го следат неговиот хуман гест и да помагаат секој на начин на кој што може.Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

✅Само така, ќе излеземе посилни од оваа глобална криза.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...