0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 30, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Вмро Дпмне предлага да им се даде парична награда на полицијата,...

Мицкоски: Вмро Дпмне предлага да им се даде парична награда на полицијата, докторите и сите други кои се вклучени во борбата против Ковид-19 !!

spot_img

Актуелните прашања поврзани со пандемијата со коронавирусот и мислења и искуства во справувањето со оваа појава беа тема на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петар Сијарто.

Мицкоски изрази благодарност до Унгарија и до унгарскиот народ затоа што, како што рече, демонстрира хуманост и споделува помош за оние на кои им е најпотребна и се во првите редови во борбата со коронавирусот. Изрази благодарност и до унгарскиот премиер Виктор Орбан и до министерот Сијарто.

– Ова е прва меѓудржавна посета отакако се затворија границите и настана кулминацијата со пандемијата со коронавирусот. Во услови на затворени граници, ова е официјална посета на земја членка на ЕУ во овие кризни времиња. Благодарност и за брзата реакција на унгарската Влада. Минатата недела остваривме комуникација и соопштив дека е потребна помош и таа денес се реализира, рече Мицкоски на денешната прес-конференција со Сијарто.

Тој истакна дека сега потребно е да се покаже хуманост и да се дејствува, секој во рамки на своите можности и средства со кои располага и додаде оти сега не е време за политиканство. Според него, не е важно кој побарал помош, туку важна е помошта. Најави дека ќе продолжи да лобира, остварува контакти и во рамки на можностите да бара помош за земјата. Изрази благодарност до сите оние лица кои на дневна основа се борат за нашето здравје.

– Многу брзо како партија, преку нашиот технички министер ќе поднесеме уредба до Владата за парична награда за оние кои се вклучени во заштита на здравјето и борбата протоив коронавирусот. Потребна е поддршка и заедничка грижа за хероите, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изразувајќи надеж дека Владата ќе ја поддржи нивната иницијатива.

Прашан за тоа дека пред два дена во Службен весник е објавена одлука за менување на парите, односно секаде да се додаде Македонија, Мицкоски рече дека има многу спорни уредби со сила на закон кои се носат во вонредна состојба. Тој смета дека сега треба да се занимаваме со справување со пандемијата и борба за животите на луѓето. Оваа работа, како што рече тој, не се бара од нас, бидејќи тоа може да се направи во следните пет години, откако ќе се отвори 17 Поглавје за економија и монетарна политика. Според Мицкоски, откако ќе дојде ново парламернтарно мнозинство и ќе бидат реотворени сите овие уредби.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изрази надеж дека дел од помошта што стигнала денеска ќе стигне таму каде што е најпотребна, како во МВР, каде им се потребни маски, а скафандерите на Инфективната клиника и во други болници. Тој изрази и жалење за смртните случаи и за тоа што бројот на инфицирани со коронавирус се зголемува.

Сијарто од своја страна, потврди дека неговата посета на Скопје е на барање на лидерот на опозицијата.

– Причината што сум денеска тука е телефонскиот повик на Христијан од минатата недела. Во тој повик тој истакна дека е потребна хуманитарна помош од Унгарија во овој период за да се надмине проблемот со справување со пандемијата и затоа одлучивме да помогнеме на пријателскиот народ на Македонија и денеска донесовме 100.000 маски и 5.000 заштитни комбинезони со цел да се помогне на мерките за заштита, рече Сијарто.

Тој повтори дека можат да си ја дозволат таа помош бидејќи поврзувањето меѓу Кина и Унгарија оди многу добро, и добиле линија за производство од Кина при што сега самите можат да произведуваат маски.

Сијарто истакна оти донацијата ја предал на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев со цел полициските службеници да можат да ја вршат работата што повеќе заштитени, и тоа е важно, како што рече, бидејќи полицијата учествува и во заштитата на јужната граница од напливот на мигранти, што за Унгарија е уште од поголемо значење.

Тој додаде дека досега унгарски полицајци учествувале со македонските во заштита на границата, а во координација со министерот за внатрешни работи, како што рече, задоволство ни е да продолжиме со упатување на дополнителни унгарски полициски службеници на јужната граница.

На новинрско прашање зошто одржува прес-конференција и со лидер на опозиција, Сијарто одговори дека како министер за надворешни работи се сретнал и со својот македонски колега и не гледа која е спорната ситуација да се сретне и со претставниците на нивната сестринска партија, кога доаѓа на нивна покана.

makpress

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца македонски доктори од европа размислуваат да се вратат во земјава

Прашан колкава оценка Секаде во регионот се проблем човечките ресурси, посебно во здравството, таква е состојата и во Словенија, Хрватска кои бараат лекари, рече...

ИЈЗ препорачува да намалите со алкохол за празниците

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска излезе со препораки за правилна хидратација за време на празниците. – За време на празниците, луѓето се опуштаат во...

Деновиве во Велгошти се одвиваат активност за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици.

Деновиве во Велгошти се одвиваат активност за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици. Вкупната должина на асфалтирани краци изнесува 320 метри. Вредноста на...

20.000 денари за најдобриот полицаец Кристијан Митковски

КРИСТИЈАН МИТКОВСКИ Е НАЈДОБАР ПОЛИЦАЕЦ ВО 2024 ГОДИНА. Утрово имав средба со командирот на полициската станица од општа надлежност Гази Баба Саше Стоилевски и полицискиот...